Еден час и триесет минути (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Еден час и триесет минути

Еден час и триесет минутироман на македонскиот писател Берт Стајн од 2016 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во романот се зборува за растењето на дете од мешан брак, на разведени родители, кое по избувнувањето на војната во Босна се преселува од Сараево (каде ги поминува првите десетина години од животот) во Скопје. Книгата завршува со веста дека главниот лик во романот очекува син. Во меѓувреме се прикажани неколку епизоди од неговиот живот, како: школувањето во Италија, барањето работа во Лондон, враќањето во Скопје, љубовта и создавањето семејство.[1]

Критички осврт кон книгата[уреди | уреди извор]

Романот претставува еден вид продолжение на првиот роман на Стајн, „Три минути и триесет и пет секунди“ бидејќи тематиката и книжевната поетика се надоврзуваат на него. Насловот на „Еден час...“ го симболизира траењето на вообичаените холивудски филмови при што романот користи една вообичаена филмска техника која е присутна и во постмодерната книжевност, а во првите страници авторот дури и ги имитира филмските дидаскалии што создава впечаток дека читаме сценарио. Втората наративна техника која ја користи Стајн е каталошката, лексиконската, односно техниката на кратки резови.[2]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Роберт Алаѓозовски, „Филмот како градиво на личноста и на нарацијата“, Економија и бизнис, година 18, број 216, јуни 2016, стр. 104-105.
  2. Роберт Алаѓозовски, „Филмот како градиво на личноста и на нарацијата“, Економија и бизнис, година 18, број 216, јуни 2016, стр. 103-105.