Еден ден на плажа (филм од 1970)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Еден ден на плажа“ (англиски: A day at the beach) — британски филм од 1970 година, во режија на Симон Хесера (неговиот прв филм) по сценариото на Роман Полански и Хере Хересма (Heere Heeresma). Всушност, филмот требало да го режира Полански, но поголемиот дел од режијата ја завршил Хесера. Главните улоги ги толкуваат: Марк Брнс (Mark Burns), Бити Едни (Beatie Edney), Питер Селерс (Peter Sellers), Греам Старк (Graham Stark) и Фиона Луис (Fiona Lewis).[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива во едно запуштено летувалиште на морскиот брег во Данска и прикажува еден ден од животот на Берни, автодеструктивен алкохоличар. Наспроти постојаниот дожд, тој ја носи со себе на прошетка младата девојка Вини која има протеза на ногата. Иако таа го нарекува „чичко“, веројатно Берни е нејзиниот биолошки татко. Шетајќи, тие среќаваат разни луѓе кои Берни често ги напаѓа вербално, а понекогаш ги лаже со намера некако да стигне до посакуваниот пијалак. За тоа време, на Вини не ѝ преостанува ништо друго, одвен да се снаоѓа сама...

Наводи[уреди | уреди извор]