Едвин Канка Ќудиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Едвин Канка Ќудиќ
Edvin Kanka Cudic, Sarajevo.jpg
Координатор на УДИК
На должноста
Стапил
30 октомври 2013
Претходник Позиција создадена
Лични податоци
Роден(а) 31 декември 1988 (1988-12-31) (31 г.)
Брчко,  Социјалистичка Федеративна Република Југославија
Живеалиште Сараево,  Босна и Херцеговина
Установа Универзитетот во Сараево
Универзитетот во Анкара
Занимање Активист за човекови права
Портал www.udik.org
Едвин Канка Ќудиќ со француската новинарка Флоренс Хартман, 2012

Едвин Канка Ќудиќ (31 декември 1988 во Брчко) е босански активист за човекови права, мајстор на боречки вештини, новинар и политиколог, кој е најдобро познат како водач на УДИК во Сараево.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Едвин Канка Ќудиќ дипломирал новинарство на Универзитетот во Сараево.

Во моментов е координатор на УДИК. Како координатор на УДИК, тој објавува и презентира на широката јавност документи за воените злосторства во Босна и Херцеговина, но исто така работи со мапирање на спомен обележјата на жртвите од последната војна во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и во Србија.[3][4]

Тој често беше предмет на закани од националистите на сите етнички групи во Босна и Херцеговина.[5] Во 2014, 2015 и 2017 година беше физички нападнат неколкупати во Сараево од националистички хулигани. Полицијата во Босна и Херцеговина не ги пронајде напаѓачите.[6]

Творештво[уреди | уреди извор]

  • Тај мај '92. (Брчко, 2012)
  • Не у наше име - с оне стране србијанског режима (Сараево, 2019)

Признанија[уреди | уреди извор]

2014. и 2018. во биографски речник "Кој е кој во БиХ" е ставен на листата од најзначајни луѓе во Босна и Херцеговина денес, кои преку својата работа и постапки придонесуваат за подобра БиХ и кои прават оваа земја да биде посреќно место за живеење.[7][8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Edvin Kanka Ćudić o prijetnjama: Da su me htjeli ubiti ne bi to najavljivali - Otisak
  2. Incident u Sarajevu: Napadnuti koordinator UDIK-a Edvin Kanka Ćudić i još dvoje aktivista - Slobodna Bosna
  3. „Ćudić:U RS ima 50 posto manje spomen obilježja nego u FBiH - Fokus“.
  4. „Predstavljena knjiga u ratnom zločinu u Trusini“. dnevni-list.ba.
  5. „Preko interneta pozivaju na linč mirovnog aktiviste iz Brčkog - Bljesak.info“.
  6. „U centru Sarajeva kamenjem napadnuti aktivisti UDIK-a - Klix“.
  7. „Sadržaj biografskog leksikona Ko je ko u BiH - izdanje 2014-2018 - Ko je ko u BiH“.
  8. „Садржај биографског лексикона Ко је у ко у БиХ - издање 2018-2022 - Ко је ко у БиХ“ (PDF). kojekoubih.ba. 5 август 2017. Посетено на 7 мај 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]