Прејди на содржината

Египетски Султанат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Египетски Султанат
سلطنة المصرية
Salṭanat al-Miṣrīyya
Знаме Грб
Химна: Салам Афандина


Местоположба на Египет
Главен градКаиро
Службен јазик Арапски
Уредување Уставна монархија
Валута Египетска фунта
Дел од темата Египет

Историја на Египет

Рана историја
Персиски Египет
Птоломејски Египет
Римски Египет
Христијански Египет
Муслимански Египет
Османлиски Египет
Династија Мухамед Али
Модерна историја
Египет

Портал:Египет


Египетски Султанат (арап. السلطنة المصرية) — краткорочен протекторат на Обединетото Кралство над Египет од 1914 до 1922 година. Произлегол од Египетскиот Кедиват, отоманска трибутарна држава. Престанал да постои во 1922 година со потпишување на декларацијата за независност на Египет, со која е создадено Египетското Кралство.

Историја

[уреди | уреди извор]
Хусеин Камил

Првата светска војна избувнала на крајот на јули 1914 година. Веќе на 5 август, египетската влада објавила документ кој во суштина претставувал објава на војна против Силите на Оската. Бидејќи Отоманското Царство застанало на страната на Германија и Австроунгарија, Британците официјално го прогласиле крајот на турскиот суверенитет и вовеле свој протекторат во Египет. Британскиот кандидат Хусеин Камил го заменил туркофилот кедив Абас Хилми-паша на султанскиот престол. Прогласен бил Египетскиот Султанат кој станал воена база на Велика Британија. Незначителен број Египќани учествувале во воените дејности. Значително поголем број служеле во работни и превозни единици под команда на британската армија.

Националистичкото движење во Египет мирувало за време на Првата светска војна, очекувајќи дека Британија ќе ја признае независноста на Египет по завршувањето на судирот. Пред почетокот на мировните преговори во Париз, националистичката „делегација“ на Вафд извршила притисок врз Лондон да ја признае независноста на Египет. Британците одговориле со апсење на Саад Заглул-паша, водачот на движењето. Во 1919 година во Египет избувнало востание. На Британците им било тешко да контролираат востание од вакви размери што се проширило низ сите слоеви на египетското општество. Револуцијата била задушена во крв. Сепак, немирите продолжиле. Од страв од целосно губење на контролата, Велика Британија била принудена на 28 февруари 1922 година формално да ја признае независноста на Египет.

  • Историја на Блискиот Исток - Масимо Кампанини