Егина (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Егина

Егина (грчки: Αἴγινα) во старогрчката митологија била нимфа најада, ќерка на речниот бог Асоп и нимфата Метопа.[1]

Митологија[уреди | уреди извор]

Убавата ќерка на Асоп го привлекла вниманието и на самиот врховен бог Зевс, па тој ја грабнал во вид на оган или орел и ја однел на островот Енон, подоцнна наречен Егина. Таму Егина на Зевс му го родила синот Еак. Асоп напразно секаде ја барал својата ќерка, сè додека Сизиф кој бил очевидец на грабнувањето, не му открил кој ја однел. Тоа го разбеснело Зевс и тој сурово го казнил Сизифа, а Асопа со молња го натерал да се врати во своето корито. Егина заминала во Тесалија, оставајќи го Еак на островот, чиј крал станал подоцна и се омажила за Актор на кој му го родила синот Менетиј.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. theoi.com: Aigina
  2. Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.