Прејди на содржината

Егзодус: Богови и кралеви

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Егзодус: Богови и кралеви“
Плакатот на македонски јазик
РежисерРидли Скот
ПродуцентПитер Чернин
Ридли Скот
Џено Топинг
Мајкл Шејфер
Марк Хафам
СценаристАдам Купер
Бил Колаџ
Џефри Кејн
Стивен Заилијан
Главни улогиКристијан Бејл
Џоел Еџертон
Џон Туртуро
Арон Пол
Бен Менделсон
Марија Валверде
Сигорни Вивер
Бен Кингсли
Голшифте Фарахани
МузикаАлберто Иглесијас
КинематографијаДариуш Волски
МонтажаБили Рич
Студио
Дистрибутер20th Century Fox
Премиера12 декември 2014 г. (САД)
18 декември 2014 г. (Македонија)
Времетраење150 минути
Земја САД
Обединето Кралство Обединето Кралство
Франција Франција
Јазик
Буџет140 — 200 милиони долари
Бруто заработка268,2 милиони долари

Егзодус: Богови и кралеви (англиски: Exodus: Gods and Kings)[1] — библиски епски филм од 2014 г., во режија и производство на Ридли Скот. Филмот го напишале Адам Купер, Бил Колаџ, Џефри Кејн и Стивен Заилијан, а има глумечки состав составен од Кристијан Бејл, Џоел Еџертон, Џон Туртуро, Арон Пол, Бен Менделсон, Сигорни Вивер и Бен Кингсли. Се заснова на библиската приказна за Мојсеј што ги води Евреите од Египет, како што е кажано во книгата Исход. Ридли Скот го најавил филмот во јуни 2012 г. Снимањето започнало во Шпанија во октомври 2013 г., со дополнителни сцени снимени во студиото Pinewood Studios во Англија.[2]

Филмот бил објавен на 12 декември 2014 г., од страна на 20th Century Fox во САД, и добил мешани одзиви. Во Македонија бил објавен на 18 декември истата година од дистрибутерот MegaCom Film MK.[3]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Од детството, Рамзес II и Мојсеј биле како браќа еден на друг, што не ги спречило постојано да се натпреваруваат: на пример, на почетокот на филмот тие организираат натпревари, кои ги гледа египетскиот фараон — таткото на Рамзес. Но по некое време, на Мојсеј му било судено да ја открие страшната тајна на неговото потекло. Тој е роден во годината кога владетелот на Египет наредил да се убијат сите еврејски првородени. Но мајката го спасила Мојсеј оставајќи го да плута во плетена кошница по реката каде што обично се миела ќерката на фараонот. Таа го пронашла бебето и го одгледала како Египќанец заедно со нејзиниот брат.

Ама тајната била предодредена да се открие и Рамзес, кој дотогаш станал фараон, го протерал Мојсеј од египетската земја. Противречностите и душевната болка го спречиле, Евреин по потекло, да одлучи да ја исполни својата мисија. Тој талкал девет години, станал примерен сопруг и грижлив татко, но никогаш не можел да ја избегне својата судбина. Мојсеј се враќа во Египет и му поставува ултиматум на својот заколнат брат, но тој не се согласува на мирно ослободување на еврејскиот народ од вечното ропство.

За да го води својот народ во Ветената Земја, Мојсеј ќе мора да се довери на Бог. Десетте казни египетски, испратени од Бога, ќе го снајдат Египет со безброј страдања. И само смртта на неговиот син ќе го принуди Рамзес да го пушти еврејскиот народ. Но искушенијата на нивниот водач нема да завршат тука: фараонот, излуден од тага, ќе се вразуми и ќе се обиде да го стигне Мојсеевиот народ, испраќајќи ја својата војска по нив.

На брегот на Црвеното Море, кое требало да биде поминато, пророкот ќе доживее вистински очај, мислејќи дека ги води луѓето во сигурна смрт. Но водите, разделувајќи се по некое време, ќе им овозможат на Евреите да одат по дното на морето „како на суво“, а потоа, затворајќи се повторно, истите тие води ќе ги уништат нивните гонители.

Во текот на филмот, едно момче често му се појавува на Мојсеј како олицетворение на Божјата моќ, придружувајќи го својот избраник по неговиот трнлив пат.

Глумец Улога
Кристијан Бејл Мојсеј
Џоел Еџертон Рамзес II
Џон Туртуро Сети I
Арон Пол Исус Навин
Тара Фицџералд Миријам
Ендру Тарбет Арон
Бен Менделсон Хегеп
Кеворк Малиќан Јотор
Марија Валверде Сепфора
Сигорни Вивер царицата Туја
Голшифте Фарахани Нефертари
Бен Кингсли Нун
  1. Филмот официјално е преведен со „Егзодус“ и „кралеви“, иако поправилно би било „Исход“ и „цареви“, побиблиски.
  2. Tapley, Kristopher (2014-03-27). „Ridley Scott's 'Exodus' with Christian Bale gets a title change“ (англиски). HitFix. Архивирано од изворникот на 2014-03-28. Посетено на 2014-03-28. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  3. „„Егзодус: богови и кралеви", во кината од 18 декември“. kanal5.com.mk. Посетено на 2025-02-02.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]