Европски форум на осигурители на депозити

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

ЕВРОПСКИ ФОРУМ НА ОСИГУРИТЕЛИ НА ДЕПОЗИТИ - ЕФДИ

(англиски, „EUROPEAN FORUM OF DEPOSIT INSURERS“ - ЕFDI)

За ЕФДИ[уреди]

Европски форум на осигурители на депозити

Правен статус: Меѓународно непрофитно здружение основано според Белгискиот закон (АИСБЛ)

Основање: 2002 година (регистрирано како меѓународно непрофитно здружение во Белгија во 2007 година)

Место на основање: Брисел, Белгија

Претседател: Роберто Морети

Потпретседател: Дирк Купеи

Почесен претседавач: Сузан Мекарти

Членки: 68 шеми за осигурување на депозити и шеми за компензација на инвеститори од 44 земји

Веб страница: http://www.EFDI.eu/


Европскиот форум на осигурители на депозити (ЕФДИ) првпат беше формиран во 2002 година со поддржкa на Европската комисија. Основан е od 25 членки-основачи кои донесоа одлука за создавање заедничка платформа за меѓусебна размена на информации. Во јуни 2007 година, ЕФДИ стекна законски статус на Меѓународно непрофитно здружение според белгискиот закон (ИНПА - АИСБЛ). Седиштето нa ЕФДИ е во Брисел (B-1000 Bruxelles, 10 Rue Montoyer, Belgium). Канцелариите на претседателот и секретаријатот на ЕФДИ се наоѓаат во Рим (Via del Plebiscito, 102, 00186, Roma, Italia). ЕФДИ моментално го сочинуваат 68 институции, дел полноправни членки (57 шеми за осигурување на депозити), а дел придружни (11 шеми за компензација на инвенститори) од вкупно 44 држави, земји-членки на Советот на Европа (согласно член 6 од Статутот на ЕФДИ). ЕФДИ има тесна соработка со позначајните европски и меѓународни организации и академски институции особено со Европската комисија (ЕК), Европската централна банка (ЕЦБ), Европската управа за надзор на работењето на банките, Светската банка (СБ), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Европска тркалезна маса на финансиски услуги, Европската банкарска федерација (ЕБФ) и Меѓународното здружение на oсигурители на депозити (ИАДИ).

Цели на ЕФДИ[уреди]

Главната цел на ЕФДИ е да придонесе за стабилноста на финансиските системи преку јакнење на европскaтa и меѓународнaта соработка во областа на осигурување на депозитите, разрешување на финансиска криза и компензирање на инвеститорите, кaкo и тоа да создава услови за дискусија и размена на експертски мислења и информации за прашања од заеднички интерес. ЕФДИ е посветен, исто така, на регулаторните прашања и други теми од взаемен интерес и истражувањето на можностите за решавање на прекуграничните прашања, вклучувајќи и подобра соработка меѓу европските земји и поврзување со неевропските шеми за осигурување на депозити. Воедно, ЕФДИ е сосредоточен и на анализата и развојот на практичната имплементација на Директивата на ЕУ за шемите за осигурување на депозити. ЕФДИ не прави обврзувачки соопштенија во име на своите членки. ЕФДИ можe да го изрази мислењето на своите членки или на членките на подгрупатa, но само со нивна согласност. Изјавите или активностите на ЕФДИ не го загрозуваат суверенитетот на неговите членки.

ЕУ комисија[уреди]

ЕФДИ има воспоставено ЕУ комисија чии членки се од земјите-членки на ЕУ. Оваа комисија се занимава со политиката на ЕФДИ во врска со законодавството на Европската унија во областа на осигурувањето на депозити, со доставување одговори или соопштенија за својата политика до Европската комисија (или други институции на или поврзани со Европската унија), известување за дискусиите на членките во врска со политиката на ЕФДИ во однос на Европската комисија (или други институции на или поврзани со Европската унија); и застапување на политиката на ЕФДИ пред Европската комисија (или други институции на или поврзани со Европската унија). Со ЕУ комисијата на ЕФДИ претседава претседателот на ЕФДИ (Роберто Морети) (во согласност со чл. 31 од Статутот на ЕФДИ). Управниот одбор на ЕФДИ го именува Алекс Качински за координатор на ЕУ комисијата.

Комисија за односи со јавноста[уреди]

ЕФДИ, исто така, има основано Комисија за односи со јавноста составена од стручни лица во таа област од сите членки на ЕФДИ. Комисијата се занимава со сите прашања кои се од значење за односите со јавноста, а се поврзани со осигурување на депозитите и компензирање на инвеститорите. Главни цели на комисијата се размената на искуства во однос на комуникациите во кризни ситуации и оддржувањето и зголемувањето на јавната свест за шемите за осигурување на депозити во земјите-членки на ЕФДИ. Управниот одбор на ЕФДИ го именува д-р Штефан Рабе како портпарол на ЕФДИ. Во оваа функција, тој, исто така, претседава и со Комисијата за односи со јавноста.

Работна група на шемите за компензација на инвеститори[уреди]

Работната група на шемите за компензација на инвеститори е составена од 35 институции, од кои 11 се придружни членки (т.е. само шеми за компензација на инвеститори), а останатите 24, се воедно шеми за осигурување на депозити и шеми за компензација на инвеститори. Работната група на шемите за компензација на инвеститори се занимава со политиката на ЕФДИ во врска со законодавството на ЕУ за шемите за компензација на инвеститори. Работната група со големо внимание го следи процесот на донесување на Директива за шемите за компензација на инвеститори (97/9/EC), организира состаноци, учествува во размената на ставови и бара толкувања од претставниците на Европскиот парламент и Европската комисија. Подгрупата исто така ја следи работата на Комисијата на ЕУ и се стреми кон поширока меѓународна соработка.

Работна група за разрешување на финансиска криза[уреди]

Работната група за разрешување на финансиска криза врши анализи и дава препораки до Управниот одбор на ЕФДИ во врска со прашањата/плановите за санација на проблематичните банки или начините за разрешување на нивната иднина така што ЕФДИ е во можност да одговори и дејствува на европските и меѓународните иницијативи по ова прашање. Од особена важност за членките на ЕФДИ е врската помеѓу шемите за осигурување на депозити и фондовите за разрешување на проблематичните банки.

Членство во ЕФДИ[уреди]

Полноправни членки[уреди]

  • Австрија - Рајфајзен осигурување на депозити на Австрија http://www.rzb.at
  • Австрија - Австриско сојузно здружение Schulze - Delitzsch http://www.oegv.info
  • Австрија - Компанија на австриските комерцијални банки за заштита на депозити http://www.einlagensicherung.at
  • Азербејџан - Фонд за осигурување на депозити http://www.adif.az
  • Албанија - Албанска агенција за осигурување на депозити http://www.dia.org.al
  • Белгија - Фонд за осигурување на депозити и финансиски инструменти www.protectionfund.be
  • Босна и Херцеговина - Агенција за осигурување на депозити http://www.aod.ba
  • Бугарија - Фонд за осигурување на депозити на Бугарија http://www.dif.bg
  • Велика Британија - Шема за осигурување на финансиски услуги http://www.fscs.org.uk
  • Германија - Здрушение на штедилници на Германија http://www.dsgv.de
  • Германија - Национално здружение на кооперативни банки на Германија http://www.bvr.de
  • Германија - Фонд за осигурување на депозити http://www.bdb.de
  • Германија - Фонд за заштита на депозити на Здружението на германски банки од јавниот сектор http://www.voeb.de
  • Германија - Шема за компензација на депоненти на Здружението на германски банки од јавниот сектор http://www.voeb.de
  • Германија - Шема за компензација на инвеститори од приватни германски комерцијални банки http://www.edb-banken.eu
  • Грција - Грчки гарантен фонд за депозити и инвестиции www.hdigf.gr
  • Данска - Дански гарантен фонд за заштита на депоненти и инвеститори управуван од Компанија за финансиска стабилност http://www.indskydergarantifonden.dk
  • Ерменија - Ерменски гарантен фонд на депозити http://www.adgf.am
  • Италија - Гарантен фонд на иматели на обврзници на кооперативни кредитни банки http://www.fgo.bcc.it
  • Италија - Меѓубанкарски фонд за осигурување на депозити http://www.fitd.it
  • Италија - Фонд за осигурување на депозити на кооперативни банки http://www.fgd.bcc.it
  • Латвија - Комисија за финансиски пазар и пазар на капитал на Латвија http://www.fktk.lv/en
  • Лихтенштајн - Здрушение на банкари на Лихтенштајн www.bankenverband.li
  • Луксембург - Систем за гаранција на депозити http://www.agdl.lu
  • Полска - Институција за осигурување на депозити и штедно-кредитни задруги http://www.skok.pl
  • Португалија - Фонд за осигурување на депозити http://www.fgd.pt
  • Португалија - Фонд за осигурување на штедно-кредитни земјоделски задруги http://www.fgcam.pt
  • Романија - Фонд за осигурување на депозити во банките http://www.fgdb.ro
  • Сан Марино - Централна банка на Сан Марино http://www.bcsm.sm
  • Србија - Агенција за осигурување на депозити http://www.aod.rs
  • Турција - Фонд за осигурување на штедни влогови http://www.tmsf.org.tr
  • Украина - Фонд за осигурување на депозити во банките http://www.fg.gov.ua
  • Унгарија - Национален фонд за осигурување на депозити на Унгарија http://www.oba.hu
  • Холандија - Колективна гарантна шема на кредитни институции за исплата на влогови и инвестиционо портфолио http://www.dnb.nl
  • Хрватска - Државна агенција за осигурување на депозити и санација на банки http://www.dab.hr
  • Чешка Република - Фонд за осигурување на депозити http://www.fpv.cz
  • Џерси - Развој на финансиската индустрија - економски развој http://www.gov.je
  • Швајцарија - Заштита на депозити на швајцарските банки и трговците со хартии од вредност http://www.garantie-des-depots.ch
  • Шпанија - Фонд за осигурување на депозити во кредитни институции http://www.fgd.es

Придружни членки[уреди]

  • Италија - Национален гарантен фонд http://www. fondonazionaledigaranzia.it
  • Норвешка - Шема за компензација на инвеститори на Норвешка http://www.fno.no/en/Home/
  • Португалија - Шема за компензација на инвеститори http://www.cmvm.pt
  • Романија - Фонд за компензација на инвеститори http://www.fond-fci.ro
  • Турција - Шема за компензација на инвеститори на Турција http://www.mkk.com.tr
  • Унгарија - Фонд за компензација на инвеститори http://www.bva.hu
  • Финска - Фински гарантен фонд на депозити-Сојуз на институции даватели на финансиски услуги http://www.fkl.fi/en
  • Хрватска - Централен депозитар и Клириншка куќа АД http://www.skdd.hr
  • Чешка - Фонд за заштита на трговците со хартии од вредност http://www.gfo.cz

Набљудувачи[уреди]

  • Банка за меѓународно порамнување
  • Европска банка за обнова и развој
  • Европска банкарска федерација
  • Европска комисија
  • Европска комисија - Заеднички истражувачки центар
  • Европска тркалезна маса за финансиски услуги
  • Европска управа за надзор на работењето на банките
  • Европска централна банка
  • Меѓународно здружение на осигурители на депозити
  • Меѓународен монетарен фонд
  • Светска банка
  • Светски институт на штедилници aisbl / Европска група на штедилници aisbl

Управен одбор на ЕФДИ[уреди]

Претседател: Роберто Морети (Италија)

Потпретседател: Дирк Купеи (Германија)

Благајник: Хелмут Штарнбахер (Австрија)


Други членови на Управниот одбор:

Андраш Фекете-Џер (Унгарија)

Франсоа де Лакост Ларејмонди (Франција)

Андреј Пехтерев (Русија)

Патрик Леб (Швајцарија)

Претседатели на комисии и други тела:[уреди]

Претседател на ЕУ комисијата: Роберто Морети (Италија)

Координатор на ЕУ комисијата: Алекс Качински (Велика Британија)

Претседател на работната група за компензација на инвеститори: Дирк Купеи (Германија)

Координатор на работната група за компензација на инвеститори: Јохан Палин (Финска)

Порпарол: д-р Штефан Рабе (Германија)

Секретаријат: Дебора Поли (Италија)

Корисни линкови[уреди]

Европски форум на осигурители на депозити http://www.EFDI.eu/

Статут на ЕФДИ http://www.EFDI.eu/documents.asp?Id=2&Cat=Statutes

ЕФДИ-Меморандум за разбирање http://www.EFDI.eu/documents.asp?Id=11&Cat=EFDI%20EU%20committee%20public%20documents

Директива 94/19/EC и 2009/14/EC http://www.EFDI.eu/documents.asp?Id=1&Cat=Directives

Директива 97/9/EC http://www.EFDI.eu/documents.asp?Id=1&Cat=Directives


Категорија: Меѓународни организации