Европски универзитет (Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Првиот приватен универзитет - Европски универзитет - Република Македонија (ЕУРМ) е приватен акредитиран универзитет на подрачјето на Република Македонија кој изникнува од темелите на Факултетот за општествени науки. Акредитиран од одборот за акредитација на 1 јуни 2005 година Европскиот универзитет – Република Македонија е приватен акредитиран универзитет кој нуди современо образование и кој постојано ги развива и надградува процесот на стекнување на знаење во согласност со современите светски образовни трендови.

Историја[уреди | уреди извор]


Историјата на Европскиот универзитет – Република Македонија започнува со основањето на Факултетот за општествени науки (ФОН) во 2001 година. Активностите на Европскиот универзитет беа признати на 1 јуни 2005 кога e акредитиран од страна на Одборот за акредитација на Р. Македонија.

Следната, 2006 година е впечатлива по основањето и акредитацијата (nоември 2006) на уште три нови факултети: Факултет за комуникации и медиуми, Факултет за јавна администрација и Факултет за арт и дизајн. Дотогаш постоеја Факултетот за економски науки и Факултетот за информатика. Покрај тоа, истата година sпоред одлуката Бр. 12 на Одборот за акредитација на Р. Македонија, потврдена e адекватноста на програмите на Европскиот универзитет согласно европските стандарди на 3+2 модулот на студирање. Во почетокот на 2009 година Првиот приватен универзитет - Европски универзитет Република Македонија подготви елаборат за примена на решенијата и одредбите од новиот закон за високо образование.

Факултети[уреди | уреди извор]

ЕУРМ во Скопје

Во моментов на Европскиот универзитет – Република Македонија постојат седум факултети:

  • Факултет за економски науки
  • Факултет за информатика
  • Факултет за правни науки
  • Факултет за политички науки
  • Факултет за арт и дизајн
  • Факултет за детективи и криминалистика
  • Факултет за стоматологија

ЕУРМ станува членка на IACBE во 2005, а по исполнувањето на условите се здобива со статус Кандидат за акредитација на 4 август 2006 година. Тргнувајќи од насоките и начелата на IACBE, ЕУРМ разви План за проценка на резултати врз основа на кој е извршена самоевалуација во академската 2006/2007.

Контроверзи[уреди | уреди извор]

Во еден од прислушуваните разговори објавени на 2 март 2015 година тогашната министерка за внатрешни работи им кажува на свои соработници од Министерството „...и сама им викам, а бе... они двајцата магистрираа, а бе аплицирајте за стипендииве кај Бојо, какви се - текви се, дур сме тука ќе докторирате.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Објавени резултатите од рангирање на универзитетите во Република Македонија - 2013". Министерство за образование и наука на Македонија.
  2. 2,0 2,1 "Груевски е забеган, ова што го правиме е ненормално". СДСМ. Посетено на 11 ноември 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]