Европски земјоделски фонд за рурален развој
Европски земјоделски фонд за рурален развој (ЕЗФРР/EAFRD) ― еден од Европските структурни и вложувачки фондови, кој е основан за финансирање на делата на Програмата за рурален развој (ПРР) со Регулативата бр. 1290/2005 на Советот на Европската Унија од 21 јуни 2005 година за финансирање на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП).[1]
Расудување
[уреди | уреди извор]Руралниот развој е витално важна област на политиката, која влијае на над 50% од населението на ЕУ и речиси 90% од земјиштето на ЕУ. Земјоделството и шумарството остануваат средишни за руралните економии, а руралниот развој се насочува и на заживување на руралните области на други начини. Понатаму, прашања како што се климатските промени, обновливата енергија, биоразновидноста и управувањето со водите стануваат сè поважни гледишта на политиката за рурален развој на ЕУ.
Буџет
[уреди | уреди извор]Над 200 милијарди евра се достапни за финансирање за поддршка на спроведувањето на 94 ПРР-и низ цела ЕУ, за програмскиот период 2007–2013 година. Речиси половина од овие пари се обезбедени од ЕЗФРР, под надзор на Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на Европската комисија.
Буџетите на ЕЗФРР во ПРР-ите се користени за постигнување на различни цели за рурален развој, вклучително и подобрување на конкурентноста на земјоделските, шумските и земјоделско-прехранбените бизниси; помагање во заштитата на животната средина; поддршка на руралните економии ; и помагање во квалитетот на живот во руралните области.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Council Regulation (EC) № 1290/2005 of 21 June 2005 on the financing of the common agricultural policy“. Eur-lex.europa.eu. Посетено на 20 јануари 2026.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|