Европски атлетичари на годината

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џонатан Едвардс бил првиот кој по втор пат ја добил наградата

Европски атлетичар на годината е годишна награда која се доделува на најдобрите европски атлетичари во машка и женска конкуренција за изминатата година. Изборот е организиран од страна на европското раководно тело за атлетика, Европската атлетска асоцијација (ЕАА), од 1993 година.

Секоја година, од сите атлетски дисциплини се составува краток список со најдобрите атлетичари врз основа на остварените резултати на големите натпреварувања за изминатата година. Само во ретки околности на краткиот список може да се најдат повеќе атлетичари од иста дисциплина. Атлетичарите кои опслужиле допинг суспензија од две или повеќе години не се земаат во предвид.[1] Преку веб-сајтот на ЕЕА, навивачите, медиумите и членовите на земјите членки на ЕЕА имаат право да гласаат за најдобрите пет атлетичари во машка и во женска конкуренција на списокот, пришто атлетичарите добиваат поени од еден до пет врз основа на нивниот ранг. Група на експерти исто така доделуваат поени. Гласовите од секоја од четирите споменати групи опфаќаат 25% од вкупниот резултат на атлетичарите, и атлетичарите во двете конкуренции со највисок број на вкупни поени победуваат и ја освојуваат наградата.[2][3]

Европски алетичар во подем во годината е награда која била воведена во 2007 година. Оваа награда, која се доделува на најдобрите атлетичари до 23 години, била воведена со цел признавање на успесите на младите натпреварувачи на нивниот пат кон сениорските натпреварувања.[4]

Победници[уреди | уреди извор]

Елена Исинбаева ја добила наградата во 2005 и 2008 година кога го соборувала светскиот рекорд во скок со стап
Година Мажи Жени
1993 Обединето Кралство Линфорд Кристи Обединето Кралство Сали Ганел
1994 Обединето Кралство Колин Џексон Русија Ирина Привалова
1995 Обединето Кралство Џонатан Едвардс Ирска Соња О'Саливан
1996 Чешка Јан Железни Русија Светлана Мастеркова
1997 Данска Вилсон Кипкетер Германија Астрид Кумбернус
1998 Обединето Кралство Џонатан Едвардс Франција Кристин Арон
1999 Чешка Томаш Дворжак Романија Габриела Сабо
2000 Чешка Јан Железни Норвешка Трине Хатестад
2001 Швајцарија Андре Буше Австрија Стефани Граф
2002 Обединето Кралство Двејн Чамберс Турција Суреја Ајхан
2003 Шведска Кристијан Олсон Шведска Каролина Клифт
2004 Шведска Кристијан Олсон Обединето Кралство Кели Холмс
2005 Литванија Виргилијус Алекна Русија Елена Исинбаева
2006 Португалија Френсис Обиквелу Шведска Каролина Клифт
2007 Финска Теро Питкемеки Хрватска Бланка Влашиќ
2008 Норвешка Андреас Торкилдсен Русија Елена Исинбаева
2009 Обединето Кралство Филипс Идову Шпанија Марта Домингез
2010 Франција Кристоф Леметр Хрватска Бланка Влашиќ
2011 Обединето Кралство Мо Фара Русија Марија Савинова
2012 Обединето Кралство Мо Фара Обединето Кралство Џесика Енис
2013 Украина Богдан Бондаренко[5] Чешка Зузана Хејнова
2014 Франција Рено Лавилени Холандија Дафне Схиперс
2015 Обединето Кралство Грег Радерфорд Холандија Дафне Схиперс
2016 Обединето Кралство Мо Фара Шпанија Рут Беитија
2017 Германија Јоханес Фетер Грција Катерина Стефаниди

Атлетичари во подем[уреди | уреди извор]

Првата атлетичарка во подем, Џесика Енис, станала светски шампион во седмобој во 2009 година.
Година Мажи Жени
2007 Италија Андреј Хов Обединето Кралство Џесика Енис
2008 Германија Рафаел Холцдепе Обединето Кралство Стефани Твел
2009 Франција Кристоф Леметр Норвешка Каролина Бјеркели Гревдал
2010 Франција Теди Тамго Хрватска Сандра Перковиќ
2011 Германија Давид Шторл Обединето Кралство Џоди Вилијамс
2012 Чешка Павел Маслак Шведска Ангелика Бенгстон
2013 Србија Емир Бекриќ Исланд Анита Хинриксдотир
2014 Обединето Кралство Адам Гемили Русија Марија Кучина
2015 Полска Конрад Буковицки Швајцарија Ноеми Цберен
2016 Германија Макс Хес Белгија Нафисату Тијам
2017 Норвешка Карстен Вархолм Украина Јулија Левченко

Наводи[уреди | уреди извор]

Главни
Конкретни
  1. European Athlete of the Year Award nominations for 2009. ЕЕА (2009-09-14). Retrieved on 2009-10-02.
  2. European Athletics Rising Star Awards nominations for 2009 . ЕЕА (2009). Retrieved on 2009-10-02.
  3. Idowu and Domínguez win European Athlete of the Year Awards. ИААФ (2009-10-02). Retrieved on 2009-10-02.
  4. Jessica Ennis wins European Athletics Rising Star Award. UK Athletics (2007-09-26). Retrieved on 2009-10-02.
  5. Ukrainian Bondarenko announced best European Athlete of 2013, Interfax-Ukraine (14 октомври 2013)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]