Европски БЕСТ инженерски натпревар (EBEC)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
EBEC
EBEC
Логото на EBEC
Гесло Design the future. Today
Тип Инженерски натпревар
Мреж. место http://ebec.BEST.eu.org

European Best Engineering Competition - EBEC(анг.) или Европскиот БЕСТ инженерски натпревар е годишен инженерски натпревар организиран од БЕСТ - Бордот на Европски Студенти по Технологија (Board of European Students of Technology - BEST). EBEC се оддржува во 32 држави, а главната мисијата да развива студенти, нудејќи им шанса за личен предизвик сорешавање на теоретски или практичен проблем. Студентите формираат тимови од 4 лица се повикани да решат интердисциплинарна задача од Team Design или Case Study, со што се опфаќаат сите полиња на инженерство.

Со спојување на студенти, универзитети, компании, институции и невладини организации заедно, EBEC цели да го достигне целото мултидисциплинарно знаење и лични вештини на студентите и да го примени овој потенцијал за решавање на вистински животни проблеми преку тимска работа.

Проектот EBEC е една од главните услуги кои ги нуди БЕСТ, а тоа е да обезбеди комплементарно образование. За време на натпреварот, студентите имаат шанса да го применат знаењето стекнато преку универзитетот, да ги прошират своите хоризонти, да ја развијат својата креативност и комуникациски вештини. Овие се основните елементи на натпреварот и преку нив EBEC придонесува во поддршката и напредокот на технолошкото образование, како и во промоција на соработка во една мултикултурна средина.

Во 2016, финалната рунда на EBEC ќе се случува во Белград од 1 август до 10 август со 120 студенти партиципанти.

Историја[уреди | уреди извор]

Идејата за инженерски натпревари e воведена во БЕСТ преку Канадските Инжинерски Натпревари (CEC анг.) организирани од Канадската Федерација на Инжинерски Студенти (CFES анг.). Членови на БЕСТ го посетиле CEC во 2002 како гости и идејата за оганизирање вакви натпревари била дискутирана таа година за време на Генералното Собрание на БЕСТ. Oва е кога приказната за БЕСТ натпревари започнала, со првиот БЕСТ Европски Инжинерски Натпревар (BEEC анг.) кој бил организиран во Ајндховен во 2003, првата национална рунда во Португалија во 2006 и најпрвата финална рунда на EBEC организирана во Гент во 2009, со финалисти кои биле избрани помеѓу 2300 учесници од 51 универзитет во 18 држави, со што била комплетирана EBEC пирамидата.

Структура[уреди | уреди извор]

EBEC како натпревар се состои од три нивоа кои ја формираат EBEC пирамидата. Со 84 Локални Рунди, 15 Национални/Регионални Рунди и 1 Финална Рунда, EBEC е еден од најголемите инженерски натпревари организирани од страна на студенти за студенти во Европа, со скоро 7000 учесници секоја година.

Локални рунди[уреди | уреди извор]

EBEC пирамида

Локалните Рунди се оддржуваат во универзитет кој има локална БЕСТ група (анг. LBG ). Тимовите победници од секоја од двете категории напреднуваат на наредното ниво.

Национални/Регионални рунди[уреди | уреди извор]

Национални/Регионални рунди се оддржуваат во една држава или мултинационален регион и се организирани од една локална БЕСТ група од таа држава/регион. Тимовите кои се победници на локалните рунди се натпреваруваат во истата категорија, за да освојат место во финална рунда на EBEC. Моментално, има 15 Национални/Регионални Рунди со повеќе од 700 студенти кои учествуваат.

Национални/Регионални Рунди Локални Рунди
EBEC Алпи-Адрија Ерланген, Грац, Љубљана, Марибор, Загреб
EBEC Балкан Белград, Мостар, Ниш, Нови Сад, Подгорица, Скопје
EBEC Балтик Екатерингбург, Екатерингбург Урфу, Каунас, Москва, Рига, Санкт Петербург, Талин
EBEC Бенелукс Ахен, Брисел, Брисел УЛБ, Делфт, Гент, Лувен, Лувен-ла-Нув, Лиеж
EBEC Централен Прага, Брно, Братислава, Кошице, Веспрем. Будимпешта
EBEC Франција ЕНСАМ, ЕНСТА ПаризТек, Лион, Париз Екол Централ,Париз Политехник, Супелек
EBEC Грција Атина, Хања, Патра, Солун
EBEC Италија Месина, Милано, Наполи, Рим, Рим Тор Вергата, Торино
EBEC Нордик Копенхаген, Гетеборг, Хелсинки, Стокхолм, Тампере, Трондхајм, Упсала
EBEC Полска Гдањск, Гливице, Краков, Лоѓ, Варшава, Вроцлав
EBEC Португалија Алмада, Авеиро, Коимбра, Лисабон, Порто
EBEC Романија и Молдавија Брашов, Букурешт, Кишинев, Клуж Напока, Јаши, Тимишвар
EBEC Шпанија Барселона, Мадрид, Мадрид Карлос Трети, Лас Палмас, Вајадолид, Валенсија
EBEC Турција Анкара, Измир, Истанбул, Истанбул Јилдиз
EBEC Украина Киев, Лавов, Запорожија, Виница

Финална Рунда на EBEC[уреди | уреди извор]

Финалната рунда на EBEC (анг. EBEC Final), е еден од најистакнатите настани во БЕСТ, организирани од страна на една локална БЕСТ група. Учесниците се студенти кои ги претставуваат повеќе од 80 од најдобрите европски универзитети, собрани за работа на повеќе задачи со времетраење од 10 дена во интернационална околина. За време на настанот, натпреварувачите исто така имаат шанса да запознаат луѓе со различни културни позадини, да го доживеат градот во кој е организиран настанот и исто така да дојдат во допир со реномирани компании кои се дел од Саемот за Вработување и Кариера (анг. Job Fair) кој се одржува на последниот ден на настанот.

Категории[уреди | уреди извор]

EBEC Case Study

Од појавувањето на БЕСТ натпреварите, различни категории, како дебата и преговори, биле воведени додека EBEC не ја развил финалната форма, составена од категориите Case Study и Team Design.

Case Study[уреди | уреди извор]

Case Study е теоретски предизвик каде се решава проблем за што е потребно анализа, истражување, разгледување, тестирање и презентирање решение за тековен економски, легален или социјален проблем. Решението мора да биде доставено во лимитиран период на време и поддржано од органичени ресурси, како што се време и пари.

EBEC Team Design

Team Design[уреди | уреди извор]

Team Design е практичен предизвик базиран на проект за што е потребен дизајн, создавање и презентирање на прототип модел кој може успешно да исполни специфични критериуми за изградба и за работа. Моделот мора да биде создаден во лимитиран период на време и со користење на ниско буџетни и лимитирани ресурси.

Преглед на натпреварот[уреди | уреди извор]

Досега се организирани 7 финални рунди.

EBEC 2009 Гент, Белгија - 1-12 август
EBEC 2010 Клуж Напока, Романија - 1-11 август
EBEC 2011 Истанбул, Турција - 1-11 август
EBEC 2012 Загреб, Хрватска - 1-8 август
EBEC 2013 Варшава, Полска - 1-9 август
EBEC 2014 Рига, Латвија - 1-9 август
EBEC 2015 Порто, Португалија - 2-11 август

Духот на БЕСТ[уреди | уреди извор]

ЕBEC е натпревар кој се има распространето насекаде низ Европа, допирајќи до илјадници студенти, универзитети и компании. Но, тоа што го прави овој натпревар уникатен не се бројките или техничките резултати, туку познатиот “EBEC дух”. Toa e атмосферата за време на натпреварот, дел од која е тимската работа, неверојатната креативност поврзана со знаење, амбицијата да се покаже најдоброто од самите себе. Ова е тоа што ги поттикнува студентите да учествуваат и да работат на најдоброто решение, тоа што ги поттикнува професорите и експертите да го понудат своето знаење за транспарентност на натпреварот, тоа што ги поттикнува компаниите да го поддржат натпреварот и да се осигураат дека студентите ќе имаат шанса да работат на најновите технолошки проблеми и секако ова е тоа што ги поттикнува членовите на БЕСТ да работат постојано со се повеќе и повеќе желба за да го развијат натпреварот. Тој дух е тоа што ги поврзува сите овие луѓе околу една заедничка цел, која е претставена преку мотото “Дизајнираj ja иднината. Денес.” (“Design the Future. Today”, анг.).

Награди и номинации[уреди | уреди извор]

Финалната рунда во Порто во 2015 беше квалификувана како најдобриот проект од Португалија во наредната рунда на натпреварот “European Charlemagne Youth Prize”.

Поддржувачи[уреди | уреди извор]

БЕСТ секогаш ја бара поддршката од институции кои го вреднуваат трудот на организацијата и кои ја делат истата визија, да имаат импакт на студентите во Европа. Досега, EBEC бил поддржан од многу институции и тела, како UNESCO, Young in Action, European Society for Engineering Education (SEFI), Institute of Electrical and Electronics Engineers.

Универзитети кои го поддржувале EBEC во текот на последните години се: Aristotle University of Thessaloniki, Czech Technical University in Prague, Graz University of Technology, National Technical University of Athens (NTUA), Silesian University of Technology in Gliwice, Universidade do Porto, Yildiz Teknik Universitesi итн.

Акредитација[уреди | уреди извор]

Натпреварот веќе почнува да биде препознаен од универзитети како проект од висок квалитет што придонесува за образованието на партиципантите. Учесниците на финалната рунда во Порто 2015 се првите кои добиле ECTS кредити од страна на универзитетот на Порто.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]