Прејди на содржината

Европска политичка заедница (2022)

Од Википедија — слободната енциклопедија
European Political Community
Европска политичка заедница
Грб
Местоположба на Европска политичка заедница (2022)
Членство 47 земји учеснички

Европска политичка заедница, скратеница ЕПЗ (англиски: European Political Community, скратеница EPC) — меѓувладин форум за политички и стратешки дискусии за иднината на Европа, основан во 2022 година по руската инвазија на Украина, во кој учествуваат 47 европски држави. Првиот самит на ЕПЗ е одржан во октомври 2022 година во чешкиот главен град Прага со учество на 44 европски држави.

Иницијатива

[уреди | уреди извор]

Европската политичка заедница е предлог на претседателот на Франција Емануел Макрон. Во текот на француското претседателствување со Советот на Европската унија, Макрон официјално го има претставено проектот на состанокот на Европскиот совет на 23 и 24 јуни 2022 година. Според предлогот на Макрон, целта на проектот е да се состави платформа за координација на политиките меѓу европските држави, да се поттикне политички дијалог и соработка за решавање на прашања од заеднички интерес, со крајна цел да се зајакне безбедноста, стабилноста и просперитетот на Европа.

Учесници

[уреди | уреди извор]
Земји членки на Европската унија кои учествуваат (27)
Земји кои не се членки на Европската унија, а учествуваат (20)
Организации кои учествуваат
Европски земји кои не учествуваат
Европски земји кои не се поканети да учествуваат
  1. 1,0 1,1 Некои земји учеснички не го признаваат Кипар односно Косово.
  2. Дел од Казахстан се наоѓа во Европа, но самата земја нема силни врски со европските политички организации.