Европска асоцијација на археолози

Од Википедија — слободната енциклопедија
Европска асоцијација на археолози
Основана1994
Видневладина организација
СедиштеПрага, Чешка
РегионЕвропа
ЧленствоПоединечно членство, колективно членство
ПретседателФелипе Криадо-Боадо
Мреж. местоe-a-a.org//
Претседателот на ЕАА Фелипе Криадо-Боадо со македонскиот археолог Професор Љубен Тевдовски и претседателот на Германската асоцијација на праисторичари Професор Френк Зигмунд[1]

Европската асоцијација на археолози (ЕАА) е невладина и непрофитна организација, која почива на своите поединечни и колективни членови. Членувањето во ЕАА е отворено за археолози и други поврзани или заинтересирани поединци или организации во Европа и пошироко. ЕАА е основана во 1994 година на инаугуративниот состанок во Љубљана, Словенија, каде што се одобрени и нејзиниот прв статут и правилници.[2] Таа е призната од Советот на Европа во 1999 година.[3] ЕАА на својата база на податоци има над 11.000 членови од 60 земји во светот, кои работат во областите на праисторијата, класиката, средновековната и историската археологија. ЕАА одржува годишна конференција, а го издава и најпрестижниот весник за европската археологија, Европски весник за археологија . ЕАА. Организацијата, исто така, објавува и внатрешен билтен, наречен Европскиот археолог (ТЕА). Седиштето на здружението е во Прага, Република Чешка .

Со ЕАА управува извршен одбор, кој се избира од полноправните членови на организација. Извршниот одбор се состои од тројца или четворица службеници (претседател, новоизбран претседател (во доаѓање), благајник и секретар) и шест обични членови.[4] Актуелен претседател на Европската асоцијација на археолози е Фелипе Криадо-Боадо од Галисија.[5][6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Европско признание за македонскиот археолог“. skopjeinfo.mk. Посетено на 2021-11-30.
  2. Cleere, H. 1995. The EAA is up and running. The European Archaeologist 3: 1-3.; EAA Statutes Архивирано на 21 октомври 2020 г.
  3. Council of Europe Conference of INGOs http://coe-ngo.org/#/ingo/
  4. EAA Statutes Article VI: Organization
  5. Felipe Criado Boado, presidente de la EAA Архивирано на 11 октомври 2015 г., DLGGA-Delegación del CSIC en Galicia](шпански)
  6. EAA Executive Board Архивирано на 30 април 2021 г., Official website