Еврејски училишта и библиотеки во Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија

Евреите за своите потреби отвориле училишта уште во XVI и XVII век.

Од тој период било познато талмудското училиште со кое раководел познатиот еврејски писател Јосеф Бен Леб.

При крајот на XIX век во Битола постоеле следните еврејски училишта имало: две основни, неполно средно (гимназија) и едно женско училиште. Во сите еврејски училишта постоеле библиотеки со скромен книжен фонд.

Напоредно со спомнатите библиотеки, по храмовите постоеле и други еврејски библиотеки по нивните еврејски училишта. Така, најпознатото еврејско училиште во Битола, всушност француско–еврејско, било училиштето именувано „Талмуд Тора”. Тоа училиште било отворено во 1895 година од страна на Allianse Israilite Universal од Париз, кое работело до Првата светска војна, поточно 1916 година. На чело на ова училиште т.е. негов директор бил Давид Елнекаве, кој истовремено бил и учител по еврејски јазик, како и еден од највидните членови на Друштвото „Ховеве сефат - евер”. Ова друштво во Битола поседувало своја посебна библиотека. Во просториите на истото друштво постоел доста богат фонд на книги пишувани на француски јзик.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „УЧЕНИЦИТЕ ЕВРЕИ ВО БИТОЛСКИТЕ КАТОЛИЧКИ (ФРАНЦУСКИ) УЧИЛИШТА“ (PDF). Музеј Битола. Посетено на 22 октомври 2022.