Еврејски гробишта (Битола)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Влезот на еврејските гробишта во Битола

Еврејски гробишта во Битола — гробишта на еврејската заедница во Битола. Се наоѓаат на самиот влез во Битола наспроти светонеделските гробишта и црквата „Св. Недела“ како и до старите турски гробишта. Изградени се во 1929 година, додека над влезната порта на гробиштата постоела мермерна табла на српски на која пишувало: „Јеврејско гробље Битољ 1457-1929 год“. Не е јасно од каде е земен податокот за 1457 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Кога стигнал рабинот Шабтај Џаен во Битола во 1924 година, видел дека гробиштата се на остра падина на периферијата од градот, во многу лоша состојба. Поголем дел од спомениците и токму од оние подобрите, бил разнесен и служел како градежен материјал. Понекогаш натписот бил отстрануван, но многу често останувал како некој орнамент. Останатите надгробни споменици биле расфрлани и скршени, а по нив се ширела мов. Рабинот Џаен отпатувал во Америка и таму собрал прилози од Евреите-печалбари родум од Битола. По враќањето, рабинот покренал акција за изградба на многу убав и цврст заштитен ѕид од камен и од железо со исковани Давидови штитови, како и за средување на самите гробишта. Тој ѕид ги зачувал битолските еврејски гробишта од скрнавење и рушење дури и за времето на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, додека синагогата „Арагон“ била претворена во свинска кланица.

Во 1961 година, Народниот одбор на Општина Битола донел одлука целиот комплекс да се преуреди и таму да се создаде парк, кој би носел спомен-обележје и кој би бил под заштита на државата. Бил изработен и проект и направена првична пресметка, како и дел од средствата за уредување на просторот, но сепак ништо не било превземено.

Во текот на 2015 година започнале конзерваторски работи на гробиштата и изградба парк, откако претходно бил потпишан меморандум за реконструкција, заштита и конзервација помеѓу градоначалникот Владимир Талески, израелскиот амбасадар Дан Оријан и претседателката на АРХАМ, Марјана Стефановска.[1]

На конзервацијата најпрвин се вршеле откопување на надгробни плочи и расчистување на теренот за да може да се употребува како парк. Акцијата ја предводеле конзерваторката Орит Бортник, археологот Хен Бен-Ари и доброволци од здружението за одржлив урбан развој, архитектура и амбиент (АРХАМ). Според планот се планира да се создаде алеја за сите надгробни плочи и да се засадат исто толку дрвја колку што некогаш живееле еврејски семејства во Битола.[1]

Денес[уреди | уреди извор]

Некои гробници од еврејските рабии до ден денес може да се идентификуваат поради тоа што се зачувани. Објектот го обезбедува агенцијата Карпатија која врши обезбедување од грабежи, вандализам и други криминални активности, поради тоа што порано имало скрнавење.[2].

Археолошки локалитет[уреди | уреди извор]

Крај еврејските гробишта се пронајдени и археолошки остатоци од праисториско време.

Галерија[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Плима и слом; Жени, Лебл; Фонд на Холокаустот на Евреите од Македонија; ISBN 978-608-65129-6-5; Скопје, ноември 2013 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Младеновски, Менде (1 декември 2015). „Низ солзи се откопуваа спомен-плочите“ (на македонски). Нова Македонија. Скопје: Репро Принт. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12115830529&id=9&prilog=0&setIzdanie=23628. посет. 1 декември 2015 г. 
  2. Идивиди 27 февруари 2009 г.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 41°02′25″N 21°20′43″E / 41.04028°СГШ 21.34528°ИГД / 41.04028; 21.34528