Евла (Ресенско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Евла (село))
Прејди на: содржини, барај

Евла е село во Општина Ресен.

Евла
Евла се наоѓа во Republic of Macedonia
Евла
Местоположба на Евла во Македонија
Координати 41°04′29″ СГШ 20°57′21″ ИГД / 
Општина Општина Ресен
Население 106 жит.
Надм. вис. 894 м


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Евла административно и припаѓа на општината Ресен. Сместено е на западниот дел на Преспанската Котлина во подножјето на планината Галичица. Од Ресен е оддалечено на пет километри, а со градот е поврзано со асвалтен пат. Населбата е распространета на рамничарски простор на надморска височина од 925 метри. Западно од селото се протегаат падините на планината Галичица, обрастени со богат фонд на дабова и букова шума, а на источната страна е полето во кое се сместени нивите, ливадите, лозјата и овоштарниците со јаболкови насади. Соседни населени места на село Евла се: на северната страна селата Петрино и Болно, на јужната Горно Дупени и Лавци, на источната Преспанската Котлина со градот Ресен, а на западната планината Галичица и градот Охрид. Атерот на населбата зафаќа површина од 26,1км/2. Во него доминираат шумите со површина од 1.438 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 374, 3 ха, а на пасиштата 327,8 ха. Водениот потенцијал на просторот е доста богат. Низ средината на селото тече мала планинска река по име Елска Река која ја дели населбата на два дела, а на северо – источната страна, по целата должина на атерот, поминува Источка Река која е поголема и на неа порано биле изградени и успешно функционирале пет воденици. Издашноста на водата во реките дозволувала да се наводнуваат полињата на селата Евла и Горно Дупени, а во периодот 1952- 1953 година да се изгради и мала хидроцентрала. За тоа време, во услови кога селските населби не беа електрфицирани, ова село ја имало привилегијата да биде меѓу првите што има електрично осветление. Ридско – планинскиот појас кој како потковица го обвиткува селото, го прават ограноците на планините: Вртелка со највисока кота 1056 метри, Спаса 1100 метри, Јаворец 1236метри и Исток 1241 метар. На овој простор во реонот Спаса, на 3 километри западно од селото, во близина на локалитетот Елски Копанки, се наоѓа познатиот пештерски манастир Свети Спас. Овој манастир со убавата шума околу него, зелениот папрат, тревњаците и планинската студена вода, е атрактивно излетничко место за населението на цела Преспа и пошироко. До него по адаптиран шумски пат, во секое време може да се дојде и со моторно возило.

Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Местоположбата на населбата, сообраќајните врски, близината со градот Ресен, а посебно минувањето на еден крак од римскиот пат Вија Игнација низ атерот на селото, биле значаен предуслов за негов побрз стопански развој. Покрај тоа оваа населба располага и со други ресурси меѓу кои позначајни се: богатиот водостој на реките, шумскиот фонд со густа дабова и букова шума, познатите пасишта на локалитетот Исток и на планината Галичица како и поволната умерено - континентална клима во Преспанската Котлина, му овозможувале на населението подобро да ја обезбедува својата егзистенција.

Таквите природни карактеристики на просторот овозможувале населението да ги задоволува своите животни потреби од сопствени извори. Во таа насока голем придонес имале: градинарството, овоштарството,лозарството, сточарството, шумарството и трговијата. Покрај земјоделските производи на наведените стопански гранки, населението било во можност на пазарот да нуди и други производи како огревно дрво, ќумур, вар, млечни производи, планински чај, печурки, мед и други производи.

Веројатно поради таквите можности за време на турско – османлиското владеење во Преспа, власта одлучила во селото Евла да биде седиштето на нивниот бег. Тој задоволен од условите за живот, одлучил за себе и своето семејство да изгради голема куќа – кула со високи чардаци сместена на влезот од селото.

На стопански план во текот на времето, овоштарството прераснало во најдоходовна гранка, не само во оваа населба, туку и во целата општина Ресен. Тоа овозможило овој регион да прерасне во најголем производител на квалитетно јаболко не само во Македонија туку и пошироко во соседните земји.

Според бројни историски податоци, евидентно е дека селото Евла е стара населба. Како таква, во своето повеќевековно опстојување станала привлечна за живеење на луѓето од целата Преспа. Исто така интересни се и податоците кои зборуваат за најтешкиот период од животот на населението. Имено, за време на Илинденското востание во 1903 год., една вооружена чета од селото Евла, активно учествувала во борбата против турската војска. Од тие причини по неуспехот на востанието, во знак на одмазда селото било целосно изгорено. Населението за да се заштити од репресалиите се повлекло на запад во густата шума на планината Галичица.

По повлекувањето на Турците од Балканот, преживеаното население, раководено од чувството за слободен живот на својот простор, се организирало и за кус период населбата била обновена. Така, прекинатата функција на животот во селото Евла, повторно се повратила.

Демографија[уреди | уреди извор]

Населението во селото Евла, од неговото формирање па се до денес, според националната припадност, било исклучиво македонско од христијанска вероисповед.

Оваа населба се до осумдесеттите години од десетиот век, според бројот на жителите, била третирана како средно развиена. Подоцна, поради процесот на миграцијата на населението на релација село – град, тој статус е заменет со мала населба.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 107 жители и 103 домакинства. Следува табела на националната структура на населението[1]

Националност Вкупно
Македонци 106
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 0

Впрочем тоа го потврдуваат и статистичките податоци. Од завршувањето на Втората светска војна па се до 1955 година населбата броела околу 500 жители. Во тој период во селото имало: основно четиригодишно училиште, две активни цркви, задружен дом, земјоделска задруга, продавница со колонијална стока, музички состав, импровизирана кино сала и фидбалски клуб. Со тоа селото го доживеало својот најголем просперитет.

Подоцна, во втората половина на дваесеттиот век, состојбата започнала да се менува со што населбата почнала да го губи својот сјај. Според пописите на населението спроведени од страна на Сојузниот и Републичкиот заводи за статистика констатирано е дека во Евла имало: во 1953 год. 481 жител, во 1981 год. 232, во 1994 год. 138, а во 2002 година 95 жители.

Наведените податоци покажуваат дека, за периодот од 1953 до 2002 година, бројот на населението во селото се намалил за 386 жители или за 80,2 %.

Трендот на намалувањето што е евидентен во изминатите шест децении, продолжува и денес. Од нашите истражувања спроведени во селото во 2010 година, се констатира дека моментално во населбата има само 28 активни куќи во кои живеат 80 жители, а од нив повеќето се стари и изнемоштени лица. Очигледно процесот на иселувањето и понатаму е активен и за кратко време можно е населбата да ја снема од географската карта.

Ваквите демографски карактеристики на населението, бидејќи се карактеристични и алармантни не само за Евла, туку и за повеќето селски населби во Република Македонија, потребно е државните органи да изготват студиска програма за ревитализација на сите рурални населби.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

На шест километри патување од ова село се наоѓа манастирот св. Спас, до кој може да се стигне само пеш или доколку сте упорни со теренско возило. На празникот Св. Спас кој секоја година се прославува на различен датум доаѓаат луѓе од целата Преспа, а доаѓаат луѓе од околните села кои припаѓаат под охридскиот регион кои одлучиле да дојдат пеш во овој прекрасен манастир.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Места од интерес[уреди | уреди извор]

Цркви[2]
Археплошки локалитети[3]
  • Исток - црква од среден век;
  • Св. Спас - црква од среден век;
  • Кале - населба од среден век;
  • Ливадица - осамен наод од доцноантичко време;

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  2. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  3. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]