Евдокија (сопруга на Константин V)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Евдокија
Византиска царица
Роден(а)8 век
Починал(а)8 век
СопружникКонстантин V Копроним
ДецаХристофор
Никифор
Никита
Евдокија
Антим
Антуза
Полно име
Евдокија
ДинастијаСириска династија

Евдокија била третата сопруга на византискиот цар Константин V Копроним.

Според Теофан Исповедник нејзината сестра била омажена за патрикот Теодот Мелисенос, стратег на тема Анатолик. Нејзината сестра била мајка на Теодот I Цариградски, кој станал во 815 година патријарх на Констинопол, во времето на царот Лав V Ерменец.

Евдокија се омажила меѓу 751 и 769 година за царот Константин V Копроним (719-775) од Сириската династија. Таа била крунисена за августа на 1 април 769 година.

Константин починал од болест за време на војната против хан Телериг од Бугарија на 14 септември 775 година. По овој период, нема извори за понатамошниот живот на Евдокија.

Претходник
Марија
Византиска царица
751–775
Наследник
Ирина