Ева Жетелска Фелешко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ева Жетелска Фелешко (полски: Ewa Rzetelska-Feleszko, 1932 - 2009) била полски лингвист, македонист и славист. Таа е автор на 11 монографии и на повеќе од 340 научни трудови од областа на дијалектологијата, ономастиката и на историјата на словенските јазици.

Творештво[уреди | уреди извор]

Од 1972 година, па сè до 2004 година, Ева била раководител на Одделението за ономастика при Полската академија на науките, а од 1990 до 1996 била директор на Славистичкиот институт, исто така при Полската академија на науките. Ева Фелешко била активен член на повеќе меѓународни истакнати организации, како што се Интернационалниот комитет на ономастика (ИЦОС), Интернационалното друштво за дијалектологија и геолингвистика, Меѓународниот славистички комитет итн. Со свои значајни трудови има учествувано на повеќе од 30 меѓународни научни конгреси и конференции. Нејзиното учество беше забележително и на југословенските ономастички конференции што се одржуваа од седумдесеттите до деведесеттите години во тогашна Југославија. Повеќепати прусуствувала со реферати на Научната конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик,литература и култура, а нејзините прилози во списанијата Славистички студии (при Катедрата за славистика на Универзитетот во Скопје) и особено во научното списание „Македонски јазик“ се од големо значење. Нејзини најзначајни дела се: Polskie nazwy własne. Encyklopedija (Енциклопедија на полските сопствени имиња) и Słowiańska onomastyka. Encyklopedija (Словенска ономастика. Енциклопедија).

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]