Евангелско-протестантска иницијатива

Од Википедија — слободната енциклопедија
Евангелско-протестантската иницијатива
КратенкаЕПИ
Основана2011
ВидЦрква
РегионМакедонија Македонија
КоординаторНикола Галевски
ПрипадностЕвангелско-протестантската иницијатива

Евангелско-протестантска иницијатива (ЕПИ) — неформална, необврзувачка иницијатива на евангелско-протестантските црквите во Македонија кои се здружуваат за одредени потреби, по сопствено наоѓање.

Историјат[уреди | уреди извор]

Евангелско-протестантска иницијатива е претставничко тело на евангелско-протестантските цркви во Македонија, односно на евангелско-протестантските христијани.

Евангелско-протестантска иницијатива настанала во 2011 година, во подготовките за пописот. За подобро претставување на евангелско-протестант­ските верници во Македонија, поголемиот дел од црквите се согласија и го повикаа своето членство на пописот да се декларираат како евангелско-протес­тантски христијани. Оваа иницијатива била наречена Евангелско-протестантска иницијатива (ЕПИ), како неформална, необврзувачка иницијатива во којашто црквите се здружуваат за одредени потреби, по сопствено наоѓање. Ваквиот начин на делување се покажа соодветен за македонски услови, и ЕПИ се јави како организатор на уште неколку настани.[1]

ЕПИ има за цел да ги обедини евангелско-протестантските цркви (ЕПЦ) за теми и проекти што се од заеднички христијански и евангелски интерес, да ја засили веќе постоечката соработка помеѓу ЕПЦ и да даде импулс за соработка по повеќе важни прашања. Една од главните причини бил фактот што наместо вообичаената формулација „евангелско-протестантски цркви“, во Уставот, наспро­ти советувањата коишто тогашните уставо­твор­ци ги имале со останатите ЕПЦ, поименично била спомната само евангелско-методистичката црква.

Првиот состанок на Евангелско-протестантската ини­цијатива бил одржан на 14 септември 2011 година, во просториите на ЕЦ Скопје. На состанокот бил донесен едногласен заклучок за заедничко и воедначено учество на престојниот попис, но и за други теми од интерес на ЕПЦ.[1]

ЕПИ организирал настани како одбележување 500 години на реформацијата во месеците септември и октомври 2017 година. Истотака било организирано обележувањето на Денот на реформацијата во 2019 година.

На пописот 2021 поголемиот дел од евангелско-протестант­ските верници во Македонија, се декларираа како евангелско-протес­тантски христијани.

Членки[уреди | уреди извор]

Во ЕПИ, денес учествуваат следните евангелско-протестантски цркви:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Јоновски, Јован (2017). Историја на Евангелско-протестатнските цркви во Македонија. Скопје: Изгрев. ISBN 9786086604615. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]