Евангелие по Итар Пејо

Од Википедија — слободната енциклопедија

Евангелие по Итар Пејо - поетска збирка на македонскиот писател Славко Јаневски. Првобитно, книгата била издадена во 1966 година, од издавачката куќа „Кочо Рацин“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката содржи 49 песни, и тоа:[1] „Сказание од искони“, „Безименик“, „Сонувајќи тикви на туѓи ниви“, „Старински запис“, „Под кацига череп“, „Орач меѓу скелети“, „Глас Соломона“, „Браќата солунски“, „Климент“, „Сотонохуление на Презвитер Козма против Богомилите“, „Слепци“, „Ивец“, „Теофилакт всемоги Архиепископ Охридски се моли за македонските Словени“, „Самоизгнаник во кругот на зодијак“, „Молитва“, „Песна Муратова“, „Чалма и круна“, „Загатливи балкански прашалници“, „Додолска легенда за Марко од Прилепа по гибелта му“, „Наздравица“, „Болен Пејо“, „Пиколомини огнодарител“, „Во памјат Карпошова“, „Боите на нивното знаме“, „Судбина соседова“, „Песма торбешка за Зејгора“, „Заборавена ноќ“, „Песна монашка од Лешок“, „Сентиментално писмо“, „Световрашка“, „На Мечкин Камен“, „Пресаден чинар“, „Подземен сон“, „Три шинели“, „Тринаесеттата и подоцна“, „Никодим“, „Глуви команди“, „Мера“, „Паганија“, „Песна потомачка на незадушници“, „Тројца на бесилка“, „За татковината и пролетта“, „Азбукарска балада“, „Глува доба“, „Итар Пејо за еден друг“, „Големиот колеж“, „Под точка разно“, „Покана за бал“ и „Банкет“. Притоа, песните се посветени на значајни настани и личности од историјата на македонскиот народ и од балканската историја, како: доаѓањето на Словените на Балканот, св. Кирил и Методиј, св. Климент Охридски, Битката кај Беласица, Маричката битка, Крале Марко, Карпошовото востание, Константин Миладинов, Гоце Делчев, Мечкин Камен, Балканските војни и поделбата на Македонија, Итар Пејо, Македонскиот фронт, НОБ, земјотресот во Скопје, итн.

За книгата[уреди | уреди извор]

Првото издание на збирката се појавило во 1966 година, од страна издавачката куќа „Кочо Рацин“, во рамките на едицијата „Наша современа поезија“. Книгата има 94 страници и не е каталогизирана. Нацртот на корицата е дело на Коста Бојаџиевски, а коректор била Катерина Тошева. Книгата била испечатена во графичкиот завод „Гоце Делчев“ во Скопје, во тираж од 1.000 примероци, а печатаењето било завршено во јуни 1966 година.[1] Во јули 1966 година, група глумци од Македонскиот народен театар, предводени од режисерот Илија Милчин, подготвиле рецитал за свечената прослава на шеесетгодишнината на Илинденското востание во кој биле вклучени и некои песни од збирката. Меѓутоа, поради катастрофалниот земјотрес, прославата не се одржала, но две недели подоцна рециталот бил изведуван на импровизираните населби и логори во Сарај, Петровец, Водно, Градскиот парк, Железарница итн. Според податоците на МНТ, на овие рецитали присуствувале околу 30.000 посетители.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966.
  2. Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 91.