Евангелие според Марија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Евангелие на Марија)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Евангелие според Марија
Дата 120180
Препишано непознато
Место непознато
Јазик
Ракопис Берлински кодекс
Аудиторија
Тематика Довербата која Исус и ја доверил на Марија

Gospel of Mary.jpg

Евангелието на Марија се смета дека датира од истиот период кога било пишувано и она на Филип. Евангелието било откриено во 1896 година. Од него, недостасуваат шест страници од почетокот и четири од средината на евангелието. [1]

Оригинално било напишано на грчки, веројатно 2 век. Сочуван е во две фрагментарни верзии. Веројатно се состои од два дела кои првично биле различни документи. Во првиот дел се опишува дијалогот на вознесениот Христос и апостолите, се претставува во природата на материјата и гревот (што е космолошки, а не морален). Се објавува потвраток на се на своите корени. Марија Магдалена ги храбри учениците и им го открива тајното учење, врз основа на нејзиното видување и разговор со Исус. Визијата е поврзана со менталната визија на душата со која таа (душата) се воздига над четирите моќи (четирите природни стихии). Апостол Петар и Апостол Андреј, како претставници на главната струја на христијанството, го негираат учењето на Марија. Овој конфликт Марија – Петар (Андреј) е познат мотив на гностичките евангелија.

Името „Марија“ се појавува како „главен лик“ во Евангелието, но спорно е која е всушност Марија. Сепак, општо прифатливо е дека тоа припаѓа на Марија Магдалена. Во евангелието, Марија е претставена како еден од учениците на Исус, која го видела воскресението[2] и го опишува пред останатите ученици.

Петар ѝ рече на Марија, „Сестро, ние знаеме дека Спасителот ве сакаше вас повеќе од останатите жени. Кажи ни ги зборовите на Спасителот кои ти ги зборуваше тебе, а ние не ги знаевме и не ги слушнавме од него“. Марија одговори и рече: „Што било скриено од тебе, јас ќе го прокламирам пред тебе“. И почна да им зборува со овие зборови: „Јас, таа рече, го видов Господ во визија и му реков, Господе те видов тебе денес во визија.“[1]

За жал, понатамошната визија на Марија околу ова во Евангелието не е докажана бидејќи недостасуваат страници од истото. Марија потоа се соочува со Андреј и Петар, кои не ја подржуваат во тоа што таа им го зборува, бидејќи таа била жена. Марија сепак била одбранета од Матеј со зборовите:

„Но, ако Спасителот ја направила подостојна, кој си ти да ја отфрлаш неа? Навистина Спасителот ја познаваше Марија најдобро. Од таа причина тој ја сакаше повеќе од нас“[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 De Boer, Esther A., The Gospel of Mary Listening to the Beloved Disciple. London: Continuum, 2006 (2005).
  2. Спореди со Јован 20:14-18.