Прејди на содржината

Ебонист

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ебонист — изработувач на мебел, особено оној кој работи со абонос. Терминот е заемка од францускиот јазик.

Историја

[уреди | уреди извор]

Ебонистите изработувале фурниран или обоен мебел. За време на Француската револуција, еснафите во Париз и на други места биле укинати (1791 година), а со нив исчезнале и сите нивни прописи. Како резултат на ова, париските производители на столчиња можеле да произведуваат фурнирани столчиња, исто како што лондонските производители на мебел, со помалку строги правила.

Поради ова спојување на занаети, производителите на столови и друг мебел почнале да користат техники на фурнирирање, порано заштитена привилегија на ебонистите. Оваа привилегија станала помалку јасна по олабавувањето на правилата на еснафите од Стариот поредок и по укинувањето на еснафите за време на Француската револуција во 1791 година. Мебелот за седење во ампир стил често бил фурниран со махагони, а подоцна и со бледо дрво.

Од средината на 19 век па наваму, двата француски занаети, ебoнист и менјузиер, честопати се здружувале под еден покрив на „мебелар“, а занаетот почнал да отстапува место за индустријата.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Pierre Verlet, 1963. Les Ébénistes Du XVIII Siècle Français
  • Пјер Верле и Пенелопе Хантер-Стибел, 1991. Француски мебел од осумнаесеттиот век
  • G. Janneau, 1975. Les ateliers parisiens d'ébénistes et de menuisiers aux XVIIe et XVIIIe siècles
  • Александар Прадер, 1990. Француски изработувачи на мебел: Уметноста на ебонистите од Луј XIV до Револуцијата. Стандарден современ текст.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]