Еаршир
Оваа статија се однесува на грофовијата во Шкотска, за расата на говеда видете Еаршир (раса говеда).
Еар | |
---|---|
Грофовија (до околу 1890) | |
![]() | |
Земја | Шкотска |
Админ. центар | Еар |
Површина | |
• Вкупна | 2.947 км2 (728,186 акри) км2 (Formatting error: invalid input when rounding ми2) |
VII место | |
Чепменов код | AYR |
Еаршир (Siorrachd Inbhir Àir на шкотски гелски) била грофовија во југозападна Шкотска, сместена на бреговите на Клајдскиот Ферт. Поважни градови се Еар, Килмарнок и новиот град (и стариот кралски замок) Ирвајн. Градот Трун (нас. 20,000) на брегот е домаќин на Британското отворено првенство во голф секои седум години, вклучувајќи го и најскорешното во 2004. Приближно 200,000 посетители доаѓаат во Трун во овој период.
Еаршир е еден од земјоделско најплодните региони во Шкотскa. Компири се одгледуваат на полињата во близина на брегот, користејќи ѓубрива на основа на алги, и како дополнение грофовијата произведува свински производи, други зеленчуци со корења, говеда (видете подолу) и летното шумско овошје како што се јагодите се одгледуваат масовно. Регионот бил силно индустријализиран, со производство на челик, ископување на јаглен и во Килмарнок голем број на примери на масовно производство, како најпознато е вискито Џони Вокер. Скоро сите појави на индустрија се исчезнати, и невработеноста (со исклучок на земјоделскиот Јужен Еаршир) е голема, над националниот просек.
Еаршир станал дел од кралството Шкотска во текот на 11 век. Во 1263, Шкотите успешно протерале група на норвешки Викинзи во заседа позната како Битката кај Ларгс.
Поважно историско место во Еаршир е Замокот Тарнбери, кој потекнува од 13 век или порано, и кој може би бил родно место на Роберт Брус.
Историски подрегиони на Еаршир се:
Од Еаршир потекнува и истоимениот вид на говедо - Еаршир, што потекнува од пред 1800.