Прејди на содржината

ЕУРИБОР

Од Википедија — слободната енциклопедија
Euribor

ЕУРИБОР (англиски: ЕУРИБОР - Euro Inter-bank Offer Rate) претставува референтна каматна стапка, објавен од страна на Европската банкарска федерација, врз основа на просечните каматни стапки по кои банките во Еврозоната се подготвени да им позајмат необезбедени средства на други банки, деноминирани во евра, на пазарот на големо (или меѓубанкарскиот пазар). Постојат различни рочности на ЕУРИБОР, кои се движат од една недела до една година. Исто како и на ЛИБОР, и ЕУРИБОР широко се користи како референтна стапка за одредување на каматните стапки на договорите за идна испорака, за фјучерсите и за своповите.[1]

Пресметка на ЕУРИБОР

[уреди | уреди извор]

Претставителна група (панел) на главните банки во меѓубанкарскиот пазар на Европската унија обезбедува секојдневно котирање на каматните стапки по кои секоја банка-членка на групата нуди орочени депозити со период на доспевање кои се движат од една недела до една година. Овие банки директно ги внесуваат своите податоци во „Ројтерс“, најдоцна до 10:45 (по средноевропско време) за секој ден во којшто е отворен системот на порамнување „TARGET)“. Во 11:00, „Ројтерс“ ги елиминира највисоките и најниските 15% од сите собрани котирани просеци , а останатите понуди се заокружени во просек до три децимални места и овој просек се објавува како Еурибор. Ако повеќе од 50% од банките во панелот не успеат да обезбедат податоци со 11:00, „Ројтерс “ ја одложува пресметката на Еурибор додека не обезбеди котации од најмалку 50% од банките во панелот. Еурибор го одредуваат банките со највисок обем на тргување на пазарите на пари во ЕУ, како:[2]

  • Белгија: Dexia Bank, Fortis Bank, KBC
  • Финска: Nordea
  • Германија: Landesbank Berlin, Bayerische Landesbank Girozentrale, Deutsche Bank, Dresdner Bank, Landesbank Hessen - Thüringen Girozentrale, WestLB AG, Commerzbank, DZ Bank Deutsche Genossenschaftsbank, Landesbank Baden-Württemberg Girozentrale, Norddeutsche Landesbank Girozentrale
  • Грција: National Bank of Greece
  • Ирска: AIB Group, Bank of Ireland
  • Италија: Banca IntesaBci, Monte dei Paschi di Siena, UCI Milan
  • Луксембург: Banque et Caisse d'Épargne de l'État
  • Холандија: ABN Amro Bank, ING Bank, Rabobank
  • Португалија: Caixa Geral De Depósitos (CGD)
  • Шпанија: Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, Banco Santander Central Hispano, Confederacion Española de Cajas de Ahorros
  • Останати банки во ЕУ: Barclays Capital, Svenska Handelsbanken, Den Danske Bank
  • Интернационални банки: Bank of Tokyo - Mitsubishi, Citibank, J.P. Morgan Chase, UBS (Luxembourg) S.A.

Движење на ЕУРИБОР

[уреди | уреди извор]

Во текот на 2014 година, најголем обем на тргување на пазарот на пари се однесувал на ЕУРИБОР со рочност преку ноќ (околу 20%) и со рочност од 6 - 12 месеци (околу 20%), а малку над 15% отпаѓала на трговијата со рочност од над една година. Од 2008 година, ЕУРИБОР постојано опаѓал, приближувајќи сè до нултата граница, а тримесечниот ЕУРИБОР за првпат достигнал негативна стапка во 21 април 2015 година.[3]