Д-р Мабузе, коцкар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Постер за филмот изработен од страна на русинот Казимир Малевич

Д-р Мабузе, коцкар - прв во серијата филмови во кои главен лик е докторот Мабузе, кој се појавува во романите на еден луксембуршки новинар и сценарист. Овој филм бил во режија на познатиот австриски,германски и американски режисер Фриц Ланг и за првпат се појавил во јавноста во 1922 година. Првичниот филм бил нем филм, без звук, но во филмовите кои излегле подоцна имало звук. Филмот трае околу четири и пол часа и е составен од два дела: Der große Spieler: Ein Bild der Zeit и Inferno: Ein Spiel von Menschen. Првиот дел трае 154 минути, а вториот дел трае 114 минути. Вториот дел бил објавен по само еден месец откако бил објавен првиот дел. Во оригиналниот наслов Dr. Mabuse, der Spieler, германскиот збор Spieler може да има повеќе значења,како што се актер и коцкар. Ликот на доктор Мабузе си го прикрива вистинскиот идентитет, манипулира со останатите луѓе околу него и е озогласен коцкар. Затоа некои критичари сметаат дека зборот играч би бил посоодветен превод за насловот. За место на создавање на филмот се смета Вајмарската Република.

Позначајни глумци[уреди | уреди извор]