Душко Златковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Душко Златковски
Роден 21 декември 1931
Куманово, Кралство Југославија
Занимање градежен инженер
професор

Душко Златковски (роден на 21 декември 1931 година во Куманово) — македонски градежен инженер, редовен професор на Градежниот факултет во Скопје од 1981 до пензионирањето во 1996 година по групата предмети Железници. Бил директор на градежниот погон на „Македонски железници”, а на Факултетот работел од 1972 година, успешно продолжувајќи го активното учество во развојот и изградбата на железничката и патната мрежа во Македонија. Напишал учебник по предметот „Горен строј на железници“. Бил декан на Градежниот факултет (1993–1995)[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, ed. (2009). "Златковски". Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. стр. 572.