Душко Еремоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Душко Еремоски
Роден 1922 година
Кичево, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1944 година
Кичево, Македонија
Националност Македонец

Душко Василов Еремоски ( 1922 во Кичево1944 во Кичево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Се занимавал со земјоделие. Како симпатизер на Народноослободителното движење во септември 1943 година заминал партизан во редовите на Кичевско - мавровскиот партизански одред, а од ноември 1943 година станал борец во Првата македонско - косовска бригада. Со Бригадата учествувал во познатиот Февруарски поход каде се истакнал како храбар борец. По враќањето на Бригадата од Егејскиот дел на Македонија во летото 1944 година, бил фатен од балистите во една куќа во Кичево и бил убиен во септември 1944 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 59.