Душко Гочевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Душко Гочевски
1962 – † 16.02.2002 (40 год.)
Роден во:Велес, Македонија Македонија
Починал во:Карпалак
Служба во:Македонија Македонија
Чин:MacedonianArmyLogo.svg Резервист во АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
  • Операција MX-1 и МХ-2
Одличја:Medal za hrabrost mk.png Медал за храброст


Душко Гочевски (Велес, 1962Карпалак, 16 февруари 2002) бил македонски бранител, армиски резервист и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува на 18 февруари 2002 година кај месноста Карпалак, на автопатот Скопје - Тетово, откако намерно е прегазен од кола.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 година и смрт[уреди | уреди извор]

Душко Гочевски е роден во 1962 година во Велес. Душко е татко на две малолетни деца Борче Гочевски и Стојче Гочевски. Тој од почетокот на воениот конфликт 2001 година бил резервист во АРМ. Загинува на 16 февруари 2002 година кај месноста Карпалак, близу селото Бојане. Според министерството за одбрана, несреќата се случила на делот од автопатот Скопје - Тетово во реонот на селото Бојане, Општина Сарај. Воениот обврзник Гочевски околу 19:30 часот ги известил војниците на пријавницата дека ќе го напушти реонот на својата единица, со цел да замине во Велес, за што веднаш биле информирани старешините на единицата.

Капетанот и поручникот од единицата по доаѓањето на пријавницата почнале да го разубедуваат воениот обврзник Гочевски да отстапи од намерата да ја напушти единицата, но во еден момент од разговорот Гочевски избегал од местото на разговорот, го преминал автопатот и на коловозот, кој води од Тетово кон Скопје, ги подигнал рацете со намера да го стопира возилото, марка „ауди“, кое во тој момент со голема брзина доаѓало од правецот на Тетово. Возилото удрило во воениот обврзник Гочевски, го отфрлило десетина метри на асфалтот и, не запирајќи, продолжило во правец на Скопје. Како последица од овој удар, воениот обврзник Гочевски е усмртен на местото на настанот.[2]

Погребан е на гробиштата во Велес. Душко Гочевски постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002
  2. "Прегазен резервниот војник Душко Гочевски". Утрински Весник. 18.02.2002. 
  3. "Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија". MKD.mk. 17 август 2012.