Душан Митошевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Душан Митошевиќ (17 декември 1949 – 1 јануари 2018 година) бил поранешен српски фудбалер и тренер.

Играчка кариера[уреди | уреди извор]

Митошевиќ бил реномиран напаѓач во текот на својата играчка кариера. Тој настапувал за екипата на ФК Раднички од Ниш во Првата југословенска лига за време на сезоните од 1975 до 1980 година. Подоцна преминал во клубот на Олимпик од Ним, во Франција каде настапувал во сезоната 1980–81. Митошевиќ се вратил во екипата на ФК Раднички од Ниш. Наредните две години 1981–83 играјќи за клубот, настапувал на Европските натпревари каде екипата на Раднички стигнала најпрво до третото коло, а подоцна и до полуфиналето во Купот на УЕФА. Неговите голови во тие години го направиле најдобар стрелец во историјата на клубот. Следната сезона тој заминал во грчкиот тим Ираклис од Солун, каде и ја завршил кариерата.

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Ираклис од Солун[уреди | уреди извор]

Митошевиќ по осум години како тренер во аматерските лиги и како помошник тренер во екипата на ФК Рад, го преземал составот на Ираклис од Солун. Тоа за него била прва позначајна задача во 1994 година. Напаѓачкиот менталитет на Митошевиќ му помогнал на клубот да обезбеди квалификации за Купот на УЕФА и некои други добри достигнувања. За време на неговото двегодишно раководење, клубот постигнал рекорд во освоени поени (62) во историјата на професионалните клубови. Од ГД +24 имал најмногу победи и тоа 18 во една сезона и 17 победи во друга сезона. Тој рекорд бил за последните 30 години. Напаѓачкиот ориентиран карактер на Митошевиќ бил очигледен во импресивните бројки и постигнувања многу слични на големата тројка од Атина (Олимпијакос, Панатанаикос и АЕК), бидејќи тимот постигнал голови на 31 од 34 натпревари во домашното првенство со извонреден просек од над два гола по натпревар за тие два периода. Тимот загубил само еден од осумте натпревари против големите екипи и тоа против градските ривали (ПАОК и Арис), трипати победил и четири пати одиграл нерешено. За време на втората сезона на Митошевиќ во клубот во сезоната 1995/96, екипата на Ираклис завршила на четвртото место зад големата тројка од Атина, а со 12 поени предност пред Арис и 20 поени пред ПАОК.

Анортозис Фамагуста[уреди | уреди извор]

Во 1996 година Митошевиќ бил назначен за менаџер на кипарскиот клуб ФК Анортозис од Фамагуста. Тој го создал еден од најимпресивните тимови во кипарската фудбалска историја. За време на доминацијата заедно со тимот на Анортозис има освоено четири шампионски титули по ред, три суперкупа и еден куп. Статистиката била уште поубедлива, бидејќи броела дури 98 победи, 20 нерешени и само 12 порази за вкупно пет години во официјалните првенствени натпревари. Биле постигнати неверојатни 2,93 гола по натпревар или 382 на 130 првенствени натпревари. Три години по ред тимот постигнал повеќе од 80 гола на 26 натпревари. Во 1997/98 и 1998/99 клубот го држел рекордот за најмногу голови и најголема гол разлика во историјата на лигата. Во тоа време Митошевиќ тренирал некои од најдобрите играчи во кипарската фудбалска историја како Јоанис Окас, Панајотис Енгомитис, Синиша Гогиќ, Веско Михајловиќ, Слободан Крчмаревиќ, Васос Меланаркитис и многу други. Четири пати по ред ја освоил наградата за тренер на годината на Кипар и тоа во: 1997, 1998, 1999 и 2000 година.

АЕК Ларнака[уреди | уреди извор]

Во 2001 година по пет прекрасни години на чело на Анортозис од Фамагуста, каде што станал еден од најуспешните тренери во историјата на кипарскиот фудбал, Митошевиќ решил да се повлече од функцијата и да се пресели во вториот голем клуб од градот, во екипата на АЕК Ларнака. За време на неговиот престој во АЕК тој ја подобрил секоја статистичка бројка во однос на минатогодишниот скор и го постигнал третиот по ред најдобар резултат за постигнати голови, но сепак екипата на АЕК повторно на крајот завршила на седмата позиција.

Аполон од Лимасол[уреди | уреди извор]

Аполон од Лимасол бил наредната станица во неговата кипарска одисеја, каде под негово раководство многу млади играчи и тројца актуелни репрезентативци (Атос Солому, Јоргос Меркис и Константинос Макридес) ги започнале своите први натпревари во првиот тим.

Земун[уреди | уреди извор]

Во 2003/04 Митошевиќ се вратил во својата родна земја како тренер на екипата на ФК Земун во новоформираната најдобра лига на Србија и Црна Гора. На крајот на сезоната екипата на Земун го заземала седмото место на табелата од вкупно 16 екипи.

Пансераикос[уреди | уреди извор]

Во 2004 година Митошевиќ се вратил во Грција, овој пат во екипата на Пансераикос, каде останал сѐ до 2006 година.

АПОП Кинирас[уреди | уреди извор]

Во јуни 2007 година Митошевиќ бил ангажиран од составот на АПОП Кинирас. Тоа била втората сезона за тој клуб како се натпреварува во најелитната кипарска лига.

Анагениси Кардица[уреди | уреди извор]

Подоцна во сезоната 2008/09 имал една успешна сезона во Грција во екипата на Анагениси Кардица.

Ермис Арадипу[уреди | уреди извор]

Во септември 2009 година српскиот тренер одлучил да ја продолжи својата кариера во друг новопојавен клуб од највисоката кипарска лига. Тоа бил составот на Ермис Арадипу. Во првите 4 кола со новиот клуб успеал да освои 1 бод. Тимот играл напаѓачки фудбал и во најуспешната сезона во својата историја, постигнал рекордни поени во првата дивизија. Најмногу голови постигнал бразилскиот напаѓач Жоано кој ја освоил наградата за најдобар стрелец на крајот на сезоната. Митошевиќ бил ослободен од обврските во клубот на 15 август 2010 годин, на само три седмици пред почетокот на новото првенство поради несогласување со трансфер политиката.

Арис Лимасол[уреди | уреди извор]

Следната станица за Митошевиќ била екипата на Арис од Лимасол каде зминал во октомври 2010 година. Го презел клубот кога бил на 12-та позиција во втората лига и на крајот ја освоил шампионската титула за прв пат во неговата историја. Истата година екипата на Арис го направила најголемиото изненадување во натпреварите од купот, елиминирајќи го соседниот клуб и шампионот за наредната година, АЕЛ од Лимасол. Митошевиќ го предводел клубот и во наредната година до највисоката лига. Во таа сезона екипата на Арис го победил составот на Анортозис и тоа за прв пат во својата историја. Тој го добил отказот од клубот на два натпревари пред крајот на сезоната.

Аја Напа[уреди | уреди извор]

Митошевиќ по втор пат настапувал со некоја екипа во втората лига. Српскиот тренер успеал да го пренесе клубот од многу тежок период во помирни води. Новиот клуб на Аја Напа играл лесен и напаѓачки фудбал постигнувајќи во просек по над 2,5 гола по натпревар.

Тренерски признанија[уреди | уреди извор]

  • Освоена е Кипарската прва дивизија: 1997, 1998, 1999, 2000 година
  • Освоена е Кипарска втора дивизија: 2011, 2014 година
  • Победници во Кипарски куп: 1998 година
  • Освоен е Кипарскиот Суперкуп: 1998, 1999, 2000 година

Индивидуални признанија[уреди | уреди извор]

  • Тренер на годината (Кипар): 1997, 1998, 1999 и 2000 година

Смртта[уреди | уреди извор]

Душан починал од рак на 1 јануари 2018 година. Во тој миг имал 68 години.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]