Духот на Елена

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Духот на Елена
Жанр теленовела
Создадена од Умберто Оливери
Настапуваат Ана Лајевска
Сегундо Сернадас
Елизабет Гутјерез
Фабијан Риос
Земја на потекло САД
Јазик шпански
Број на епизоди 42 минути
Продукција
Времетраење -
Емитување
Канал на емитување Телемундо
Период на прикажување 20 јули 2010

Духот на Елена (шпански: La fantasma de Elena) е Американска теленовела од 2010 година од Телемундо.

Синопсис[уреди]

Елена Лафе и Елена Калкањо се среќаваат меѓу животот и смртта, за да се борат за љубовта на Едуардо Гирон, богат и мистериозен маж, потомок на семејство со традиција во огледување на коњи. Елена Лафе е убава и невина жена, која никогаш не ја дознала вистинската љубов. Пораснала во сенката на својот татко во помало место, каде што ја научила страста кон слободата, коњите и просечниот живот. За време на една бура, нејзиниот пат се пресечува со оној на Едуардо Гирон - богат и решителен маж, чија страст и бизнис се вртат околу светот на коњите. Но позади неговото семејство се крие таинствена приказна за една сопруга, која починала на денот на венчавката. Едуардо се оженил за една од своите братучедки/близначки, Елена Калкањо, која за време на свадбената церемонија се фрлила од една кула од имотот. Средбата со Елена Лафе се случува година подоцна, кога таа го спасува од една несреќа, и помеѓу нив се раѓа љубов. Страста и љубовта која се раѓа меѓу нив ги одведува до олтарот, но пристигнувањето на новата сопруга на Едуардо во семејството, започнува војна благодарение на ужасните тајни кои се кријат во минатото. Елена случајно ја отвара Пандорината кутија кога влегува во заклучената соба на починатата Елена, за да открие повеќе за неа, а воедно и за убиецот на неговата поранешна вереница.

Улоги[уреди]

Глумци Ликови
Елизабет Гутјерез Елена Лафе
Сегундо Сернадас Едуардо Хирон
Ана Лајевска Елена Калкањо
Фабијан Риос Монтекристо Паласио
Марица Бустаманте Корина Сантандер
Кети Барбери Ребека Сантандер
Зули Монтеро Маргот Ускатеги