Дутлок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Глетка од дел од населбата Дутлок на десниот брег на реката Вардар

Дутлок е една од најголемите населби во Гостивар. Таа е една од најтивките населби оддалечена од градскиот метеж и врева, сместена на десната страна на реката Вардар, поточно позади болницата и градскиот парк во Гостивар. Тука се наоѓаат и средните училишта во Гостивар,како што се : економското, гимназијата и медицинското средно училиште. Исто така во склопот на населбата Дутлок се наоѓаат судот и градскиот фудбалки стадион. Во оваа населба најголемиот дел од населението се Македонци, па потоа следат албанци и во мал дел турци и роми. Интересно е тоа што иако е мирна населба сепак ноќниот живот во Гостивар почнува во тамошнитe кафе-дискотеки Hard Rock и Planet Cafe.