Дунавски вилает

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дунавски вилает

Дунавски вилает (турски: Tuna Vilayeti) бил вилает на Отоманското Царство кој постоел од 1864 до 1878 година.[1] Кон крајот на 19 век опфаќал територија од 88.400 km2.[2]

Вилаетот бил формиран како последица на административните реформи на Отоманското Царство од 1864 година, од северните делови на Силистра, по должината на реката Дунав. Опфаќал голем дел од територијата која денес влегува во Бугарија (вклучувајќи ја и Јужна Добруџа), како и делот од Романија познат како Северна Добруџа.

Вилаетот престанал да постои по Руско-турската војна (1877-1878),кога нејзиниот северо-источен дел (Северна Добруџа) бил припоен кон Романија, некои западни делови кон Србија, додека централниот и јужниот дел кон Кнежевство Бугарија.

Уредување[уреди | уреди извор]

Мидхат-паша бил првиот управник на вилаетот, од 1864 до 1868 година.[3] За време на неговото управување со вилаетот била поставена линија за парни бродови на реката Дунав; била завршена железничката пруга Русе - Варна; се доделувал кредит за земјоделците со ниски камати; се нуделе поволни даноци за започнување на нови индустриски претпријатија.[3]

Првиот официјален весник на еден вилает во Отоманското Царство се печател двојазично: на бугарски и тусрки јазик, а го работеле отомански и бугарски уредници.[3]

Вилаетот имал собрание во кој членувале официјални лица назначени од Истанбул, како и шест претставници на народот во вилаетот, од кои тројца муслимани и тројца не-муслимани.[3] Не-муслиманите исто така учествувале во криминалните и трговските судови.[3] Биле дозволени мешани муслиманско-христијански училишта, но оваа реформа била укината поради негодување кај народот.[3]

Вилаетот бил поделен на санџаци:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. RumeliaЕнциклопедија Британика (англиски)
  2. Europe by Éliseé Reclus, page 152
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Encyclopedia of the Ottoman Empire, p. 172, при Гугл книги By Gábor Ágoston, Bruce Alan Masters