Дуко Тасев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Duko Tasev.jpg
Роден 1885
Јудово, Отоманско Царство
Починал 14 март 1942
Софија, Бугарија


Дуко Тасев ( 1885 во Јудово14 март 1942 во Софија) — македонски револуционер и војвода во Внатрешната македонска револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Дуко Тасев е роден во село Јудово, Кичевско во 1858 година. Самоук, без образование, израснат во една типична македонска селска средина, тој успеал да се издигне над своето време и предизвиците што тоа ги носело со себе. Дуко имал четворица браќа: Алексо, Илаијло (Исо), Вељан и Арсо и три сестри: Дукадинка која што била мажена и живеела до крајот на животот во село Брждани, Сотира била мажена во село Кладник, а третата останала во село Јудово и се омажила за некојси Грујо од Илија.

Дуко Тасев е мошне интересна фигура во национално-ослободителната и револуционерната борба на македонскиот народ во пред Илинденскиот перид во Кичевско. Неговите јуначки дела останале до ден денес да се прераскажуваат, величат, паметат. За нив народот испеал повеќе песни. Тој го славел и го издигнал на пиедесталот на најголемите јунаци, заштитници на обичните луѓе по селата. Убиството на највлијателниот и најбогатиот Турчин во целиот Битолски вилает, Адреман-бег, како и на прочуениот спаијата Ремко од селото С'лп, биле само дел од јуначките потфати од богатата револуционерна дејност на војводата Тасев.[1] Бил долгогодишен соработник и другар на Питу Гули, со кој заедно биле на заточеништво во Дијарбекир, Мала Азија. Починал во Софија, во 1943 година, на 85 годишна возраст.

Мисли[уреди | уреди извор]

„Стар сум, веќе, на осумдесет години и по малку слеп. Жалам за мојата бујна младост и ми е тешко што после толку маки, жртви и страдања, нашата убава мајка Македонија, сè уште е под туѓа власт. Но, Господ гледа и македонската вистина ќе надвладее над сè.“

—Дуко Тасев (Софија, 1937 година), [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Боге Петрески,Дуко Тасев,кичевски војвода,Кичево,2000
  2. Боге Петрески,Дуко Тасев,кичевски војвода,Кичево,2000

Надворешни врски[уреди | уреди извор]