Дука Вајнштајн
Изглед
Дука Вајнштајн ( 1922 во Скопје — 1943 во Треблинка, Полска) — учесник во НОВ на Македонија, една од жртвите во Холокаустот.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Таа била шивачка. Како член на СКОЈ од 1941 година активно се вклучила уште во првите акции на НОД во градот. Во нејзиниот дом се одржувале илегални состаноци и се шиела облека за борците. Во март 1943 година била депортирана во концентрациониот логор Треблинка, Полска и задушена во гасна комора.[1][2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1011.
- ↑ „ЕВРЕЈКИТЕ ОД СКОПЈЕ“. holocaustfund.org.mk (англиски). Посетено на 2025-02-23.