Прејди на содржината

Другарки

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Другарки“ (италијански: Le amiche) – филм на режисерот Микеланџело Антониони од 1954 година. Главните улоги ги играат: Елеонора Роси Драго, Габриел Ферцети и Франко Фабрици.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Откако се враќа во родниот град Торино каде отвора моден салон, елегантната Клелија наоѓа една млада жена со име Росета Савони, која е на умирање во соседната соба на хотелот. Имено, Розета зела преголема доза апчиња за спиење со намера да изврши самоубиство. Клелија со спријателува со Розета со нејзините богати пријателки: Момина де Стефани е разделена од мажот и лесно ги менува љубовниците; Нене е талентирана уметничка со успешна кариера, а која живее со фрустрираниот сликар Лоренцо кој ѝ завидува на успехот. Клелија ја привлекува Карло, помошникот на архитектот Чезаре Педони, но тој е припадник на работничката класа. Кога Момина и Клелија откриваат дека Розета се обидела да изврши самоубиство зашто е заљубена во Лоренцо, Момина ја охрабрува Розета да остане со него, иако тој и Нене наскоро треба да се венчаат.