Прејди на содржината

Дрско црвен кармин

Проверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дрско црвен кармин
АвторЈагода Михајловска-Георгиева
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
ЖанрРасказ
ИздавачИздавачки центар „Три“[1]
Издадена
2013
Медиумпечатено издание
Страници175

Дрско црвен кармин — расказ на Јагода Михајловска-Георгиева.[2]

Самото дело е поделено на три дела од по девет раскази. Сите опфаќаат теми од секојдневниот, современ живот, а секој расказ е миниуниверзум, заокружена приказна за конкретни луѓе, на конкретни места, со конкретни судбини. Тоа се истите ликови тие што може секој да ги познава, или токму себеси во нив се препознава. И без оглед дали дејствието се одвива во некоја домашна средина или во некоја далечна земја, основната авторска линија останува непроменета: длабоко нуркање низ емотивно- психолошкиот свет на јунаците, здогледување на деталите и финесите што на прв поглед се недогледливи, суптилно нијансирање и остро, проникливо засекување на ткивото што е предмет на нејзинато набљудување.[1]

  1. 1,0 1,1 „Дрско црвен кармин“. kupikniga.mk. Посетено на 24 мај 2020.[мртва врска]
  2. Марија Арнаудовска. „Дрско црвен кармин - Јагода Михајловска-Георгиева“. sakamknigi.mk. Посетено на 24 мај 2020.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]