Дрињача (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Дрињача е река во Босна и Херцеговина, лева притока на Дрина, во која се влева кај истоимената населба, 15,5 km узводно од Зворник.

Извира на падините на планината Коњух. Долга е 77 км, со површина на слив од 1,875 km². Главни притоки на Дрињача се Јадар и Тишча. Долж нејзиниот ток оди асфалтиран пат кој ги поврзува Власеница со Зворник и Кладањ. Сливното подрачје на Дрињача изобилува со шума, пасишта, наоѓалишта на боксит и неметали.