Држилово (Берско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Држилово
Μεταμόρφωση
Држилово се наоѓа во Грција
Држилово
Координати: 40°41′ СГШ 21°59′ ИГД / 
Земја Грција
Област Централна Македонија
Округ Иматија
Општина Негуш
Општ. единица Негуш
Надм. вис. 950 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно 9
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Пошт. бр. 592 00
Повик. бр. 23320

Држилово (грчки: Μεταμόρφωση, Метаморфоси; книжевно: Μεταμόρφωσις, Метаморфосис; до 1928 година: Δροζέλοβο, Дрозелово или Ντραζίλοβο, Δραζίλοβο, Дразилово[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 13 километри северозападно од градот Негуш, на надморска височина од 950 метри.[3]

Сместено е во североисточните пазувите на планината Каракамен, оддалечено е 4 километри од селото Голема Река.

Историја[уреди | уреди извор]

До почетокот на XIX век, Држилово било богато село. Држилово е познато историско село по своето масовно учество во Негушкото востание во 1822 година, кога потполно настрадало, а неговите жители кои успеале да се спасат се раселиле во источна Македонија, во Пиринска Македонија, во Солун и на други места. Од тука потекнува и семејството Држиловци, познати по својата македонска печатница во Солун.[3] Било уништено од Мехмед Емин-паша. 40 држиловци, заедно со 25 теовчани, го обезбедиле префрлањето на жените ид ецата од Негуш.[4]

По Негушкото востание, селото не било обновено и само повремено се користело од влашките сточарски семејства, но не било населено сè до 1924 година, кога тука биле населени грчки бегалци од Понд.[3]

Во 1928 година, името на селото било променето во Метаморфосис (Μεταμόρφωση).[5]

Повторно се распаднало за време на Граѓанската војна (зимата 1947 г.), а неговите жители се преселиле во градот Негуш, но продолжиле да ги користат своите имоти.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селаните, како и иселениците кои повремено го посетуваат, главно ги користат своите имоти за ситно земјоделство.[3]

Денес, во Држилово работи голема фарма „Дразилово“ за одгледување на свињи.[6]

Население[уреди | уреди извор]

Обновеното село, прв пат се појавува во пописот од 1928 година, како чиста бегалска населба, кога бројот на жители изнесувал 57, а во 1940 година 115 жители. По Граѓанската војна, селото повторно се распаднало и само повремено е посетувано од страна на некогашните жители, кои се преселиле во градот Негуш. Бидејќи селото не било обновено, во подоцнежните пописи било забележано како населба без жители, но во последните години некои од нив започнале да се враќаат и да го обновуваат. Во пописот од 1991 година биле забележани 71 жител.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 7 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 9 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 115 71 7 9
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Негуш со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Голема Река, во кој покрај селото Држилово влегуваат и селата Голема Река и Куцуфљани.

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Држилово
Други

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. http://www.statistics.gr/documents/20181/1210503/resident_population_census2011rev.xls. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δροζέλοβον - Μεταμόρφωσις
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 35. 
  4. Η επανάστασις και καταστροφή της Ναούσης, Νικόλαος Γ. Φιλιππίδης, Αθήνα 1881, Εκδόσεις Αδελφών Βαρβαρρήγου, σελ. 60
  5. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  6. Φάρμα Ντραζίλοβο

Белешки[уреди | уреди извор]