Државни празници во Македонија
(Пренасочено од Државни празници на Република Македонија)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Ова е список на државните празници кои се одбележуваат во Македонија
| Државни празници во Македонија | ||
|---|---|---|
| Датум | Име на празник | Забелешки |
| 24 мај | Ден на македонските и сесловенските просветители и учители | Чествување на Св. Кирил и Методиј. |
| 2 август | Илинден | Почеток на Илинденското востание и заседанието на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија. |
| 8 септември | Ден на независноста | Осамостојување на Македонија од СФР Југославија. |
| 11 октомври | Ден на востанието | Почеток на Народноослободителната борба на Македонија. |
| 23 октомври | Ден на македонската револуционерна борба | Основање на Македонската Револуционерна Организација. |
| 8 декември | Св. Климент Охридски | Патрон на Македонија. |
| Празници во Македонија | ||
| 1 јануари | Нова година | |
| 7 јануари | Прв ден Божиќ - (православен) | |
| Втор ден Велигден - (православен) | Датумот е променлив. | |
| 1 мај | Ден на трудот | |
| Рамазан бајрам | Датумот е променлив. | |
| Празници на малцинските заедници | ||
| 27 јануари | Свети Сава, ден на српската заедница. | Патрон на Србите. |
| 8 април | Меѓународен ден на Ромите | Ромска декада. |
| 23 мај | Ден на Власите. | Датум кога Власите биле признати за посебен народ во Отоманското Царство. |
| 28 септември | Меѓународен ден на Бошњаците. | Одржување на сèбошњачкото собрание во Сараево, кога се вовел поимот „Бошњаци“.' |
| Јом кипур, ден на еврејската заедница. | „Ден на помирувањето“. Празникот е прославен од еврејската заедница во Македонија. | |
| 22 ноември | Ден на албанската азбука | Датум на одржување на Битолскиот конгрес за албанската азбука. |
| 21 декември | Ден на настава на турски јазик | Воведување на турскиот јазик како наставен јазик. |
| Верски празници за припадници на верските заедници | ||
| 6 јануари | Бадник, ден пред Божиќ | Верски празник за православните граѓани на Македонија. |
| 19 јануари | Водици | Верски празник за православните граѓани на Македонија. |
| Втор ден Велигден (католички) | Верски празник за католичките граѓани на Македонија. Датумот е променлив. | |
| Велики петок, петок пред Велигден | Верски празник за православните граѓани на Македонија. Датумот е променлив. | |
| 28 август | Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) | Верски празник за православните граѓани на Македонија. |
| 1 ноември | Сите Светци (католички) | Верски празник за католичките граѓани на Македонија. |
| 25 декември | Божиќ (католички) | Верски празник за католичките граѓани на Македонија. |
| Духовден, петок пред Духовден. | Верски празник за православните граѓани на Македонија. | |
| Бајрам, првиот ден на Курбан бајрам. | Верски празник за муслиманските граѓани на Македонија. | |