Државни празници во Австрија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ова е список на државните празници кои се одбележуваат во Австрија.[1]

Сеопшти[уреди | уреди извор]

Датум Празник Месен назив Белешка
1 јануари Новогодишен Ден Neujahr
6 јануари Водици Heilige Drei Könige
* Велики Понеделник Ostermontag
1 мај Празник на државноста Staatsfeiertag Меѓународен ден на трудот
* Спасовден Christi Himmelfahrt 39 дена по Велјанедела
* Свет Дух Pfingstmontag Симнувањето на Светиот Дух меѓу Апостолите, 49 и 50 дена по Христовото воскреснување
* Телово Fronleichnam Прва света тајна — Тајната вечера. Ќетвртокот по неделата на Света Троица (60 дена по Велјанедела)
15 август Голема Богородица Mariä Himmelfahrt Успение на Пресв. Богородица
26 октомври Национален празник Nationalfeiertag Денот кога е прогласена неутралноста на Австрија
1 ноември Ден на сите светители Allerheiligen
8 декември Мала Богородица Mariä Empfängnis малопродажните места се отворени за божиќно пазарување
25 декември Божиќ Christtag
26 декември Стефановден Stefanitag

Ѕвездичката (*) означува подвижен празник.

Месни[уреди | уреди извор]

Некои сојузни покраини и дејности празнуваат и дополнителни денови. Подолу се дадени празниците што се одбележуваат само во извесни покраини.

Датум Празник Месен назив Важи во
19 март Јосифовден Josefstag Корушка, Штаерска, Тирол и Предарлска
2 дена пред Велјанедела Великпеток Karfreitag Сите покраини. Неработен само за евангелистите од аугсбуршка и хелветска вероисповед, старокатолиците и евангелските методисти.
4 мај Флоријановден Florian Горна Австрија
24 септември Рупертовден Rupert Салцбург
10 октомври Ден на Корушкото сенародно гласање Tag der Volksabstimmung Корушка
11 ноември Мартиновден Martin Градиште
15 ноември Леополдовден Leopold Долна Австрија и Виена
24 декември Бадник Weihnachten Сите покраини. Неработен или скратено работно време, зависно од колективниот договор.
31 декември Новогодишна ноќ Silvester Сите покраини. Неработен или скратено работно време, зависно од колективниот договор.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]