Дред
| Дред | |
|---|---|
Плакатот на филмот | |
| Изворен наслов | Dredd |
| Режисер | Пит Тревис |
| Сценарист | Алекс Гарленд |
| Главни улоги | |
| Музика | Пол Леонард-Морган |
| Кинематографија | Ентони Дод Ментл |
| Студио |
|
| Премиера | 7 септември 2012 г. |
| Времетраење | 95 минути |
| Земја | |
| Јазик |
|
| Буџет | 50 милиони долари |
| Бруто-заработка | 41 милион долари |
| IMDb | ID 1343727 |
Дред (англиски: Dredd) — научнофантастичен акционен филм од 2012 г., во режија на Пит Тревис и сценарио на Алекс Гарленд. Филмот е втора адаптација на истоимениот лик од стриповите, а во главните улоги се појавуваат Карл Урбан како Судијата Дред и Оливија Тирлби како Касандра Андерсон. Приказната се одвива во дистописка иднина, во огромниот Мега-Сити Еден, каде „судиите“ имаат овластување да дејствуваат како полиција, судија, порота и џелат.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Во иднината, по атомската војна, територијата на САД претставува озрачен пустош познат како „Проклетата Земја“. На источниот брег се наоѓа Мега-Сити Еден, метропола што се протега од Бостон до Вашингтон и брои 800 милиони жители, каде дневно се случуваат 17.000 злосторства. Единствената сила на правдата се судиите — елитни полицајци што истовремено ја извршуваат улогата на обвинители, порота и џелати. Главниот судија му доделува задача на Судијата Дред да ја оцени новата приправничка, Касандра Андерсон, која и покрај слабите резултати на тестовите, поседува моќни екстрасетилни способности.
Во 200-катната станбена зграда Peach Trees (се изговара: Пич Триз), наркобосот Маделин Мадригал, позната како „Ма-ма“, свирепо убива тројца дилери на дрога што користеле „Рапид“ — нов наркотик што ја забавува перцепцијата на времето на 1 % од нормалата, засилувајќи ги сите сетила и чувството на еуфорија. Дред и Андерсон пристигнуваат за да го истражат злосторството и откриваат нарколегло, каде го фаќаат бандитот Кеј. Според интуицијата на Андерсон, тој е одговорен за мачењето, па Дред одлучува да го одведе на испрашување во станицата. Како одговор, луѓето на Ма-ма го преземаат контролниот центар и ја запечатуваат зградата со сигурносни штитови, оневозможувајќи им на судиите да излезат или да повикаат засилување.
Ма-ма распишува награда за главите на судиите, кои се принудени да се пробиваат низ десетици платеници. На 76-от кат, тие се наоѓаат под оган од тешки митралези, што предизвикува големи жртви меѓу граѓаните. Судиите успеваат да пробијат дупка во надворешниот ѕид и да повикаат помош. Маделин го испраќа својот соработник Калеб да ги пронајде судиите, но при нивната пресметка, Дред го фрла Калеб од зградата пред очите на Ма-ма.
Дред сфаќа дека постапките на Мадригал се обид да спречи судиите да дојдат до информациите што ги поседува Кеј. Читајќи му ги мислите на бандитот, Андерсон открива дека „Пич Триз“ е главниот центар за производство и распределба на „Рапид“. Иако Андерсон предлага да се сокријат и да ја чекаат помошта, Дред решава да се искачи на горните катови и да ја фати Маделин. На сигналот на Дред се јавуваат судиите Волт и Гатри, но техничарот на кланот, Фрил, успева да ги излаже дека зградата е изолирана поради технички дефект. Дред и Андерсон се нападнати од две момчиња, што му овозможува на Кеј да ја разоружа Андерсон и да избега во базата на кланот.
Додека Дред се пробива нагоре, Мадригал им се јавува на поткупените судии Лекс, Каплан, Чан и Алварес. Тие ги заменуваат Волт и Гатри, влегувајќи во зградата под изговор дека се поддршка. Кога Дред се сретнува со Чан, веднаш ја открива неговата предавничка намера и го убива во судир. Во меѓувреме, Кеј се обидува да ја убие Андерсон со нејзиното оружје, но ДНК-скенерот не го препознава, по што пиштолот избувнува и му ја откинува раката. Андерсон успева да побегне и подоцна ја убива Судијката Каплан откако ќе ѝ ги прочита мислите. Дред го убива Судијата Алварес, но бива ранет во стомакот од Судијата Лекс. Пред Лекс да му зададе смртоносен удар, Андерсон пристигнува и го убива предавникот.
Андерсон и Дред со помош на шифра влегуваат во станот на Фрил, каде се крие Мадригал. Таа му се заканува на Дред дека, ако загине, уредот на нејзиниот зглоб ќе активира избувливо средство на горните катови и ќе ја срамни зградата со земја. Дред ја принудува да прими „Рапид“ и ја фрла од зградата во атриумот, од каде сигналот не може да стигне до детонаторот.
По сѐ, Андерсон верува дека го паднала тестот бидејќи дозволила да биде разоружана. Главниот судија го прашува Дред за нејзиниот учинок, на што тој одговара дека таа го положила тестот. Во последните кадри, Касандра Андерсон излегува од Судот, ги зема шлемот и оружјето и заминува на судиски мотор во патрола.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
|---|---|
| Карл Урбан | Судијата Џозеф Дред |
| Оливија Тирлби | Касандра Андерсон |
| Лина Хиди | Маделин „Ма-ма“ Мадригал |
| Вуд Харис | Кеј |
| Донал Глисон | техничарот на кланот |
| Деобија Опареј | Ти-Џеј |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ McNary, Pamela McClintock,Dave (2010-11-02). „Lionsgate, IM Global reach three-pic deal“. Variety (англиски). Посетено на 2026-06-19.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Дред на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)