Итали

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Древни итали)

Старите италски народи (или едноставно итали) се сите оние народи кои живееле на територијата на Италија пред римските освојувања. Не сите овие разни народи биле лингвистички и етнички блиски. Некои од нив зборувале италски јазици, други зборувале старогрчки (заради доаѓањето на грчки колонисти), додека пак трети им припаѓале на други индоевропски гранки или пак воопшто не биле Индоевропејци. Класификацијата на некои од овие етникони е непозната или спорна.

Поврзано[уреди | уреди извор]