Древено (Кукушко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Древено
Πύλη
Древено is located in Грција
Древено
Древено
Местоположба во областа
Древено is located in Пајонија (општина)
Древено
Местоположба на Древено во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°3.2′N 22°30.44′E / 41.0533° СГШ; 22.50733° ИГД / 41.0533; 22.50733Координати: 41°3.2′N 22°30.44′E / 41.0533° СГШ; 22.50733° ИГД / 41.0533; 22.50733
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаПајонија
Надм. вис.&10000000000000190000000190 м
Население
 • Вкупноиселено (1.949)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Древено (грчки: Πύλη, Пили; до 1926 г. Δρέβενο, Древено[1]) — поранешно гевгелиско село во Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија во областа Централна Македонија, Грција. Денес не постои бидејќи е целосно напуштено по Грчката граѓанска војна во 1949 г. и од него останала само црквата „Св. Кузман и Дамјан“ („Свети Врач“).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во областа Бојмија, на десниот брег на Вардар, северозападно од општинското седиште Бојмица.

Историја[уреди | уреди извор]

Кај Древено е откриена стара населба, прогласена за заштитен археолошки споменик во 1994 г.[2]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Древено било македонско село во Гевгелиската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Древе (Dreve) имало 30 домаќинства со 142 жители Македонци.[3][4]

Во селото во 1895–96 г. е основан комитет на ВМРО.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Древено било село во Гевгелиската каза со 125 жители, сите Македонци.[3][6]

Целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Древен (Dreven) имал 104 Македонци, сите под егзархијата.[3][7] Според подоцнежните егзархиски податоци, во 1910 г. Древене е чифлигарско село со 25 семејства, и има 124 македонски жители[3] и една црква.[8]

Потпаѓање под Грција[уреди | уреди извор]

Муслимански жени во Древено за време на Првата светска војна, на 1 мај 1918 г.

Во 1913 г. по Втората балканска војна селото е припоено кон Грција. Македонското население се иселило во Бугарија, а на негово место се доселени Грци од Турција. Во 1926 г. селото е преименувано во Пили. Во 1928 г. Древено било чисто дојденско село, со 31 семејства од 104 доведени Грци.[9] Во Грчката граѓанска војна жителите на Древено го напуштиле селото и се преселиле во Бојмица.

Денес од Древено е останата само црквата „Св. Кузман и Дамјан“ („Свети Врач“), изградена во XIX век.[10]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Древено
  • Јордан Русев — револуционер, четник на солунскиот војвода Ичко Димитров во 1912 г.[11]
  • Костадин Илиев Трајанов — револуционер, деец на ВМРО[5]
  • Мицо Георгиев Кехајов — револуционер, деец на ВМРО[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δρέβενον -- Πηγή
  2. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/43984/2309/28-9-1994 - ΦΕΚ 845/Β/14-11-1994“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. конс. 29 јуни 2018. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 168 – 169.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 52, ISBN 9549514560
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 152. ISBN 954430424X. http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_05.htm. 
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 194-195.
  8. Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
  9. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  10. „13. Ιερός ναός Κοίμησης Θεοτόκου Δρέβενου“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. конс. 24 јуни 2014. 
  11. Динев, Ангел. Хуриетът и следхуриетските борби в Гевгелийско. София, 1934, стр. 63.