Дрво (скулптура во Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Поглед кон скулптурата навечер

Дрво е бронзена скулптура кој птетставува симбиоза на дрво и човек. Таа е дело на авторот Дамјан Ѓуров, и е дел од проектот на Министерството за култура за разубавување на центарот на Скопје со 35 скулптури од 26 автори. .[1]

Скулптурата е изработена за помалку од шест месеци. Висока е шест метри и изработена е од бронза и мермер. Според авторот за неа има неколку концепти како што се човек дрво, човек како размислува и како би се чувствувал во природа, некое астрално чувство или некоја негова аура.

„Дрво“ е сместена до скулптурата „Заљубени“ од Димитар Филиповски, и е една од четирите скулптури што биле промовирани на 18 јануари 2009[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ИЗБРАНИ 40 РЕШЕНИЈА ОД КОНКУРСОТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА“. Премин. Посетено на 2011-07-26.
  2. „Промоција на скулптурата „Дрво" утре на плоштад „Македонија". Иди Види. 28 јануари 2009. Посетено на 2011-09-20.