Дрвени играчки од Хрватско Загорје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дрвени играчки од Хрватско Загорје
Sestine Remete EMZ 300109.jpg
Традиционална играчка
Поврзница233
ОбластЕвропа и Северна Америка
Историја на впишувањето
Впишување2009 (4-та сесија)
Unesco Cultural Heritage logo.svg

Дрвена играчки од Хрватското Загорје – традиционален хрватски производ која се појавил во 19 век во Загорје.

Изработката почнала во 19 век и се задржала до денешни дни во селата од општините Марија Бистрица и Горна Стубица. Средишта на изработката се во местата Бистрички Лаз, Стубички Лаз, Горна Стубица, Марија Бистрица, Тугоница и Турнишќе [1]. Постојат околу 50 модели играчки како свиралки, штракала (птица на тркалца која се турка на стап), тамбурици, дрвени животни, најчесто коњчиња, свирчиња, модели автомобили, камиони, возови, авиони, дечки мебел за кукли итн.

Карактеристично е дека рачно ги изработуваат мажите, а повеќето ги украсуваат жените. Никогаш не можат две да бидат во целост еднакви бидејќи рачно се изработуваат [2]. Играчките се изработуваат од дрва од непосредната околина, врба, јавор, бука и липа. Дрвото се сече, суши, дела, реже и обликува со помош на дрвени и картонски шаблони. Најчести бои се црвената, сината, белата и црната. Се украсуваат со цветни и геометриски примероци. Начинот на изработка се пренесувал во одредени семејства од генерација на генерација и се задржал до денес.

Играчките се продаваат на панаѓури, црковни свечености, а најмногу во црквата во Марија Бистрица. Се чуваат и во музеи. Се наоѓаат на Списокот на заштитени нематеријални добра во Регистарот на културни добра на Република Хрватска и од 2009 година, на пописот на нематеријални добра впишани во репрезентативниот список на нематеријално светско наследство во Европа на УНЕСКО[3][4]. Центарот за традиционални вредности занаети во Кумровец се грижи за овие традиционални играчки.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]