Драч (билка)
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Драч или Друч ( латински: Paliurus spina-christi) е листопадно грмушесто растение од фамилијата ајдучки (), познато по мноштвото трње (трње) на стеблото и ластарите, долги 1,5-2,5 см. [1] Расте во Медитеранот, Југозападна и Централна Азија .
Опис
[уреди | уреди извор]Растението е листопадно . Може да биде високо 3-4 метри. Има многу силен корен, кој продира длабоко во почвата. Од стеблото излегуваат прави ластари, на кои правилно се распоредени зелени листови, темнозелени по боја и јајцевидни. Обично има од 12 до 15 листенца на секоја пупка, паралелно од двете страни. Цветовите излегуваат од пазувите на ластарите, тие се мали и жолти, со слаб мирис. [1]
Употреба
[уреди | уреди извор]Поради трњето се сече и се користи како ограда, со ставање на земја или на камени ѕидови. Исто така, луѓето велат дека каде што има драч има и обработливо земјиште. Плодот е мал круг, со големина од 2 до 3 см, зрее во август. [1] Младите плодови може да се користат како алтернативна форма на исхрана, а зрелите како замена за кафето. [2] Зрелите плодови се користат и како лек. Растението е познато како антисептик . Успешно лекува дијареа, дизентерија, воспаленија на дебелото црево, а се користи и за нервни и ревматски заболувања. [1] Во денешно време станува познато заради употребите во алтернативната медицина.
Ширење
[уреди | уреди извор]Расте во медитеранската област, Југозападна и Централна Азија . Карактеристично е за карстните терени на Далмација, Херцеговина, Црна Гора итн. Во Србија го има и на десниот брег на Нишава, на потегот од Клење до Сиќевачката Клисура . Во селото Моклиште има село Драчје кое го добило името по ова растение. [2] Зборот го носи старословенски, индо-аријански корен од кој произлегуваат и многу други зборови ( Драко - змеј и така натаму). Многу топоними го имаат чисто Драч во своето име, од античко време го имаат истиот корен. На пример градот Драч во денешна Албанија, иако преименуван, се уште најчесто вон Албанија се нарекува со неговото изворно, словенско, македонско име - Драч.
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Пребиловци - Лексикон: Љековите и медоносне биљке на подручју Пребиловаца Архивирано на 18 јуни 2013 г., Приступљено 18. 2. 2013.
- ↑ 2,0 2,1 Бела Паланка: Биодиверзитет биљака, Приступљено 18. 2. 2013.