Драмска гробница
Изглед
Ελληνιστικός τάφος | |
Место | Драма |
---|---|
Област | Егејска Македонија, Грција |
Координати | 41°09′07″N 24°08′54″E / 41.1520° СГШ; 24.1484° ИГД |
Вид | гробница |
Историја | |
Раздобје | македонско |
Драмска гробница (грчки: Ελληνιστικός τάφος) — древномакедонска гробница од III век п.н.е. во градот Драма, Егејска Македонија.[1] Се наоѓа на улицата „Троја“ бр 1. Претставува монументална гробница од македонски тип, чиј стил е својствен за последните десетилетија на III век до средината на II век п.н.е. Се состои од спустен влез (дромос), предодаја и погребална одаја. Во предодајата има зачувани ѕидни живописи, на кои се имитираат ѕидарија, биковски глави и шестолисни розети. Во погребалната одаја се откриени три ѕидани саркофага. Во неа се најдени артефакти како монети, накит и керамика. Гробницата била поставена на самата источна граница на древниот град Драма.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „2500 χρόνια ιστορίας σε 60'. Πολιτιστική Διαδρομή στην πόλη της Δράμας“ (PDF). Δήμος Δράμας. Архивирано од изворникот (PDF) на 26 ноември 2016. Посетено на 25 ноември 2016.