Драгољуб Николовски
Драгољуб Николовски - Ганди | ||
Роден | 1928 Велес, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 13 мај 2016 Скопје, Македонија | |
Занимање | општественик и пратеник |
Драгољуб Николовски-Ганди (Велес, 1928 - Скопје, 13 мај 2016) — истакнат македонски општественик и пратеник, долгогодишен пратеник во Собранието на Македонија, секретар на Околискиот комитет на СКМ – Велес, претседател на Одборот за просветно-културни прашања на Републичкиот собор во Собранието на Македонија, претседател на Одборот за општествено-политички систем во Собранието, член на повеќе републички и сојузни комисии, организации и тела. Тој имала особено значајна улога како секретар на Републичката заедница за образование и секретар на Републичката заедница за научни дејности, при што дал нескромен, голем придонес за развојот на образованието и науката во Македонија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Николовски е роден во Велес каде го завршил основното и гимназиското образование. Тој е дипломиран историчар на Филозофскиот факулет во Скопје, професор по историја, а во текот на неговиот животен век бил и директор на основно училиште и на гимназија во Велес. Добитник е на повеќе општествени признанија и признанија од институции. Добитник е на многу ордени меѓу коишто е и „Орден на Републиката со бронзен венец“ и медали за работа и за храброст. Тој се смета за исклучително значајна личност за развојот на образовно-научната дејност во Македонија. Неговата мисија и влогот во оваа дејност е од исклучително важно значење. Посебен придонес има за развојот на археолошкото наоѓалиште Стоби и во поддршка за проекти од образованието, науката и културата, како и поддршка на странски стипендии и проекти во Македонија. Накратко, во македонската современа историја, тој е еден од личностите-темелници на образовно-научната дејност во Македонија во текот на втората половина на XX век. Починал во Скопје на 13 мај 2016 година.[1]
Награди и признанија
[уреди | уреди извор]Добитник на „Орден на Републиката со бронзен венец“