Драгослав Ортаков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драгослав Ортаков
Животописни податоци
Роден(а)22 април 1928
Гевгелија,
ПотеклоМакедонија Македонија
Починал(а)8 декември 2007
Скопје
ЗанимањаКомпозитор
Музиколог

Проф. д-р Драгослав Ортаков (22 април 1928 - 8 декември 2007 — македонски музиколог и композитор, основоположник на музикологијата и на музичката византологија во Македонија. Се категоризира во третата генерација македонски повоени композитори. Еден е од основачите и долгогодишен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Роден е во Гевгелија. Како прв музиколог и музички византолог во Македонија, оставил голем број на фундаментални дела, пред сè од историјата на македонската музика и посебно, византиско-словенската музика во Македонија ("За музиката", “Музичката уметност во Македонија“, “Ars Nova Macedonica“, “Огледи за византиско-словенската музика во Македонија“, "De musicis" - критики и осврти и други книги, а има напишано и околу 90 музиколошки статии и огледи). Неговото композиторско творештво брои околу 150 дела, како од инструменталниот, така и од вокалниот музички род: гудачкиот квартет, циклусот "Ептамерони" за камерен ансамбл, Музиката за пијано и инструментален ансамбл, сонатата за пијано, творби за гудачки состави и многу други дела. Посебно место во неговиот опус им припаѓа на големиот број црковно-музички дела. Во тој сегмент од композиторската дејност на Ортаков, централно место заземаат неговите дешифрации и хармонизации на црковни песнопенија. Добитник е на голем број награди и признанија, од кои кај нас се издвојуваат наградите “Св. Климент Охридски“, “13 ноември“, “Трајко Прокопиев“, а исто така и на награди и признанија во странство, поврзани со неговата музиколошка и композиторска дејност.

Починал на 09.12.2007 во Скопје.