Драгомир Панков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драгомир Панков
Роден 16 април 1920
Скопје, Кралство Југославија
Починал 3 август 2004
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање филмски монтажер

Драгомир Панков (роден на 16 април 1920 година во Скопје - починал на 3 август 2004 година во Скопје) — македонски филмски монтажер.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршувањето на средното образование, заминал на специјализација за трговија и декоративна вештина во Нови Сад. Во ноември 1947 година започнал да работи во „Вардар филм“ во одделението за пропаганда. Покажувајќи интерес за монтажата на филмовите, од 1948 бил префрлен во одделението за монтажа, каде што се оспособил за ова занимање. Истата година ја започнал својата богата кариера на филмски монтажер, пред сè на документарните филмови на Кочо Недков. По 37 години работа како филмски монтажер и по околу 160 измонтирани филмови на огромен број автори и за повеќе филмски продуцентски институции, од јуни 1985 година заминал во пензија.

Награди[уреди | уреди извор]

  • 1982 ФЈДКФ, Белград, Златен медал - Белград за монтажа / „Бопс“


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Панков“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 113. Text "series " ignored (help)